За сите љубители на авантурата и културата и за сите оние коишто се подготвени да бидат дел од ново магично место- германскиот град Минхен е токму оној град што треба да ви биде на листата за ваши идни дестинации.
Опкружена со предновогодишната еуфорија, јас ја имав таа среќа на неколку денови да бидам дел од оваа баернска магија. Раздвижаност, раздвижаност и уште повеќе раздвижаност.
Новогодишни светилки на секоја страна, украсени излози и дрвени тезги. Минхен на зима е навистина магично место. Самите бутици на главниот плоштад Мариенплац и готичкиот Ратхаус и’ даваат посебен сјај и свежина на предновогодишната минхенска слика.
Мирисот на чоколадните бадеми и распеаните улични музичари се она што го оживуваат градот. А, снегот, којшто повеа само за неколку минути, успеа да го претвори Минхен во “жива” разгледница.
Па што чекате? Кога ќе можете посетете го Минхен. Дозволете да се изгубите во автобуски и железнички станици, да се “претопете” со луѓето коишто живеат таму и едноставно да бидете понесени од глетката којшто ја нуди. Купете едно пиво и уживајте.
Servus!
Од Минхен Дамјана Видическа, Публицитет.мк