Министерот за култура Асаф Адеми присуствуваше на Новогодишниот концерт на Виенската државна опера, кој годинава се одржа во чест на одбележувањето на 150-годишнината од основањето на оваа еминентна оперска куќа …
Министерот Адеми, заедно со претставници на Министерството за култура, овој ексклузивен настан го проследи на лична покана од директорот на Виенската државна опера, Доминик Мејер, со кого оствари и работна средба.
На средбата со директорот на една од најзначајните оперски куќи во светот, министерот за култура Адеми разговараше за можностите за соработка меѓу оваа реномирана културна институција и националните установи од Република Македонија.
Во рамките на престојот во Виена, министерот за култура Адеми се сретна и со светски познатиот виолинист Шкелзен Доли, кој е член на Виенската филхармонија.
Извор: www.kultura.gov.mk