Утре, министерот Никола Попоски, ќе го посети Летниот камп „Ја сакам Македонија” кој секоја година, традиционално, се одржува во Охрид, во организација на Министерството за надворешни работи на Република Македонија.
Во рамките на посетата, министерот Попоски ќе одржи предавање и ќе им додели благодарници на учесниците.
Кампот започна на16 а ќе трае до 23 август и учествуваат вкупно 50 деца од Заедниците на Македонците од соседните држави на Република Македонија, од балканските земји и дијаспората.
Во рамки на Летниот камп, на унапредувањето на познавањата на литературниот македонски јазик и култура со учесниците работат професори од Универзитетот “Гоце Делчев” Штип., додека предавања за македонската историја држат научни соработници од Институтот за национална историја во Скопје.
Активностите на Летниот камп ќе бидат заокружени со квиз натпревар, турнир во мал фудбал и завршна приредба на која учесниците – ученици ќе се претстават со свои точки од областа на културата.
Публицитет.мк