Во мај 2018 година имав чест да гостувам во Друштвото на уметниците„Вјекослав Мајер“во Загреб, вториот ден во Фужине а третиот во Истра и да го пропатувам патот на Глаголичарите, почнувајќи од Св. Кирил и Методиј, Св. Климент па се до хрватските дејци кои ја ширеле глаголицата.
Се искачуваме низ височинките на Истра. Од двете страни на патот, во должина од 7 километри, се наоѓа спомен обележје во чест на ГЛАГОЛИЧАРИТЕ, Св. Кирил и Методиј, Св. Климент, Ангелариј… и истарските културни дејци, кои од IX век па до денес ја ширеле и зачувале културата, писменоста и народната свест. Алејата на Глаголичарите се состои од 11 поставки.
Покрај веќе споменатите се и: Клисурата на хрватските легенди, посветена на средновековната енциклопедија од непознат Глаголичар; Падината на истарскиот развод, кај која на стрмнината се поставени исклесани камења во вид на глаголски букви, завршува со камена врата во облик на буквата „Л“.
Развод е документ за разграничување на територијата помеѓу соседните поседи. Ѕидот на хрватските протестанти и еретици…
Се искачуваме низ височинките на Истра.
Патувањето завршува пред последното обележје на Глаголичарите – градската врата на најмалиот град во светот Хум. Вратата е двокрилна, бакарна, тешка но и свечена.
Рачките за отворање се во вид на воловски рогови. На двете крила поставени се две алки на кои на глаголица е испишана добродошлица.
На секое крило, на горниот дел, поставени се по шест (вкупно 12) медалјони кои ги означуваат дванаесетте месеци во годината со прикази од селскиот живот, полските работи во секој месец.
Пишува: Мирко Томовски – Охрид
Публицитет.мк