Писателот и публицист Мирко Томовски од Охрид со уште една награда за своите литературни достигнувања.
Пред два дена во Центарот за култура во Битола во организација на фондацијата Такец по повод доделувањето на наградите од конкурсот „Го љубам животот“ на Томовски му беше врачена ласкавата титула „Писател на годината“
Надвор од конкуренцијата на конкурсот покрај на Томовски беа доделени и награди од повеќе области: за настан, проект,личност, медиум , креативност , за остварувања во музиката и уметноста. Гран –при и беше доделено на Сузана Турнџиева.
Да потсетиме писателот Мирко Томовски од Охрид лани доби уште две награди. Прво место на Демирхисарско културно лето 2014 и прво место за романот „Шени Ен“ на манифестацијата организирана по повод 70 годишнината од кодификацијата на македонскиот јазик и правопис, одржана во Битола.
Публицитет.мк