МЈП „Проаква“ Струга Р.Е. „Водовод“ Охрид започна со спроведување на новиот проект монтажа на картички со бар кодови на секој водомер.
Од ПРОКВА апелираат граѓаните да обезбедат непречен пристап до броилата за вода, односно соработка со нивните екипи.
Со воведувањето на оваа новина во читањето на податоците во иднина ќе се избегнат досегашните проблеми околу паушалната проценка за потрошена вода,а ќе се избегнат и неточните податоци врз основа на кои понатаму следи фактурирањето, вели за Публицитет директорот на МЈП „Проаква“ Владимир Алексијоски.
Заедно со бар кодовите граѓаните ќе треба да пополнат и нови кориснички договори поради ажурирање на податоците.
Публицитет.мк