-Македонците во овој дел од Италија стануваат се побројни така што на крајот од февруари, точно пред две години дојдовме на идеја да основаме Македонско културно друштво преку кое со заеднички сили, сплотено ќе имаме можност да се бориме за правата на Македонците во Италија, а исто така, и за интегрирање на Македонците во италијанското општество, вели во допсот до нашиот медиум Венко Трпески – претседател на Македонското културно друштво „Св. Кирил и Методиј“ од Трентино, Италија.
-Со оглед на тоа дека сме релативно младо основано друштво броиме 160 членови, но од ден во ден ни се приклучуваат и други лица и сите заеднички размислуваме за негов раст и развој.За овие две години активностите на Друштвото се многубројни , пред се’ се залагаме за зачувување и унапредување на македонската култура, јазик и традиција.
Исто така, сакаме да овозможиме социјален развој преку кој ќе се истакнува нашата култура во италијанското општество. Дружењето и соработката со другите друштва ни претставува задоволство затоа што и покрај тоа што имаме можност да размениме искуства, исто така имаме можност заеднички да делуваме во одредени области.
Италијанскиот печат за македонското друштво во Трентино
Затоа ја користам оваа прилика да им се заблагодарам за меѓусебната соработка на друштвата: МД „Филип Втори“ од Виторио Венето,„Дукат“ од Ил Понте Ди Пиетра – Канели и „Видовдан“ од Цервигнано дел Фриули.
Новоформираната фолклорна група со концерт за роденденот на Друштвото „Св. Кирил и Методиј“
Дел од целите ни е и организираење на македонски спортски клуб , а во декември 2017 година ја формиравме и фолклорната група на МКД „Св. Кирил и Методиј“ – Трентино која на роденденската забава ни се претстави со прекрасни македонски традиционални ора, вели Трпески кој по потекло е од Охрид.
Публицитет.мк им посакува да им се множат годините во заедништво и просперитет на друштвото.
Публицитет.мк