Во Руската куќа во Софија, деновиве се одржа деветтата „Балканска романсијада“, манифестација која не е само натпревар за млади вокали, туку и прекрасна прослава на музиката. Гран при наградата на фестивалот која се доделува еднаш на четири години заслужено е во рацете Мирјана Бурназ-Кремшовски од Северна Македонија.
На натпреварот за најдобар оперски глас се натпреваруваа оперски пеачи, веќе оформени образовани гласови од Грција, Бугарија, Северна Македонија и Русија.
Нашата Мирјана Бурназ – Кремшовски покрај Македонија го претставуваше и факултетот за соло пеење од Есен, Германија.
Младата оперска певица Бурназ студираше на Факултетот за музичка уметност во Скопје во класата на проф. Весна Гинова – Илкова, а во Германија е пред магистратура по соло пеење.
Мирјана Бурназ – Кремшовски во мигов е член на Операта во Магдебург – Германија.
Публицитет.мк