Дамјан Стоименовски уште еднаш ја воодушеви македонската публика, овој пат со неговата прва песна “ Те губам” .
Музиката и аранжманот се на Гоце Симоноски,додека текстот е на Ивана Димова. Зад видео записот стои Владислав Гавриловки , а видеото е снимано на повеќе локации во Скопје.
Ова младо момче има 20 години и е студент на правниот факлутет “Јустинијан Први”. Дамјан е страствен љубител на музиката и пеењето. Тој редовно посетува часови по пеење , а досега има преработено неколку музички нумери. Има учествувано на балканско шоу и има освоено голем број награди на државни натпревари.
Публицитет.мк