• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
четврток, јули 17, 2025
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home На минување

Младиот Петар Маниќ со главна улога во филмот „Стела“

октомври 30, 2020
in На минување
Младиот Петар Маниќ со главна улога во филмот „Стела“

Изминатиов септември прво во Скопје а од вчера и во кино салата на Центарот за култура „Григор Прличев “  премиерно се прикажува македонскиот семејниот игран филм „Стела“.Во филмот главните улоги ги толкуваат: младата шарпланинка – кучето  Стела, 12 годишниот Петар Маниќ (кој е за прв пат на филм), Дејан Лилиќ, Тони Михајловски, Симеон Дамески… Сценариото е на Ева Камчевска, а режисер е Стојан Вуичиќ.

„Стела“ е  филм за деца и се занимава со се’ почестата појава на булинг или врсничко насилство во Македонија и општо во светот. младиот актер Петар Маниќ и го направи следниот тонски запис.

„Стела“ е приказна за едно куче – шарпланинка, едно дете и еден дедо. Звучи идилично, но не е… Откако детето Николa ќе се обиде да се самоубие поради „булинг“ во училиштето, изгледа дека никој не ќе може да допре до него. Престанува со секаква вербална комуникација. Шарпланинката Стела е единствената која не бара ништо од него, не поставува прашања, не бара одговори. Доволно е неговото постоење и среќна е од неговата близина. Детето ќе почне да се поистоветува со неа, па неговиот глас може да се слушне единствено кога лае. Дедото, кој избегал од луѓето да живее сам на бачилото, неволно ќе го прифати Никола за во текот на оваа авантура да станат семејство бегајќи од своето вистинско семејство. Не знаејќи, со тоа ќе се доближат до она од што бегаат, но сега променети ќе можат да продолжат со животот или мирно да заминат од другата страна на вечноста.

film za deca stela

Милчо Јованоски се сретна со младиот актер Петар Маниќ и го направи следниот тонски запис.

Долгометражниот игран филм „Стела“ е копродукција помеѓу Македонија, Србија и  Германија.За прв пат во Македонија филмот „Стела  беше реализиран како прва еко или зелена продукција. Водени од најновите светски еколошки стандарди продукцијата се трудеше да ја намали емисијата на штетни гасови, да го рециклира отпадот според стандарди од Американската асоцијација на филмски продуценти.

Публицитет.мк 

 

Посетеност: 60
Share
Previous Post

Почина актерот Данчо Чевревски

Next Post

Во Охрид денеска 23 случаи на ковид-19, во земјава вкупно 934 новозаболени

Next Post
Во Охрид денеска 23 случаи на ковид-19, во земјава вкупно 934 новозаболени

Во Охрид денеска 23 случаи на ковид-19, во земјава вкупно 934 новозаболени

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 60

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk