Вчера младите од Охрид вклучени во Проектот хумани вредности беа во нова спортско-хуманитарна активност на Црвен крст – Охрид.
Над 100 учесници рекреативно возеа велосипеди а акцијата со своето присутво ја поддржа и в.д. градоначалникот Константи Георгиески. Рекреативното возење велосипед беше со старт од Центарот за култура „Григор Прличев“, по Кеј Македонија, пешачката патека, до паркингот кај Горица 3 и назад.
На градскиот плоштад се одржа хуманитарем музички перформанс на младите на Црвен крст Охрид.
Програмата Промоција на хумани вредности-Црвен крст во акција (ПХВ-ЦКА) Црвен крст – Охрид ја спроведува од февруари до мај 2019 година и во неа младите на Црвен крст – Охрид организирани во ПХВ тимови реализираат најразлични хуманитарни активности насочени кон прибирање на средства за помош на ранливи категории на граѓани од Охрид и Дебрца.
Публицитет.мк