
Овој празниченм ден на двата плоштади „Св Климент Охридски“ и „Чинар“ околу пладне се менуваа музичари поддржани од Црвен крст – Охрид во идејата преку своите настапи да се соберат што повеќе средства за лекување на 15 годишната Сара.
Нивните настапи, обединетоста и волјата со која настапуваа беше поздравена од стотици случајни минувачи, наши сограѓани и гости. Кутиите не останаа празни а донираните пари ќе легнат на заедничкота сметката на родителите на Сара.

Ваквите незадолжителни перформанси на отворено ќе продолкжат и деновиве. Јасно е дека од час во час во акцијата за поддршка на семејството Настоски се шири и надвор од Охрид и Македонија.
Публицитет.мк







