Имајќи ги предвид препораките за заштита и за превенција од новиот коронавирус Црвен крст на Република Северна Македонија-Општинска организација Охрид во соработка со Општина Охрид, со своите мобилни тимови за поддршка на постари и изнемоштени лица, хронично болни лица, лица со попреченост и самохрани родители на деца на предучилишна возраст во текот на овие 10тина дена опслужи над 100 лица, меѓу нив и околу 70 граѓани во социјален ризик.
Во зависност од локацијата, се упатува тимот, се врши набавката и се доставува на домашна адреса, секако со соодветна заштита на самите тимови. Самите граѓани си ги обезбедуваат средствата за потребните намирници. Тоа се однесува на набавка на намирници за домашни потреби, набавка на лекови, препишување на рецепти кај матичен лекар и слични такви неопходни работи. Исто така доколку имаат потреба за уплата на сметки, вадење на упати, случај на земање на инсулин, достапни сме за граѓаните на Охрид. Доколку имаат потреба, а бидејќи не смеат да излезат, можеме да им ги завршиме и сите работи во банка, плаќање на сметки или кредит.
Мобилните тимови се активни секој ден (вклучително и во викенд). Граѓаните на кои им е потребна поддршка од овие тимови, можат да стапат во контакт со Црвен крст Охрид од 8 до 16 часот, на следниве телефонски броеви:
046 261 909
070 315 309
13 112 (скратениот број на Планинската спасителна служба)
За неодложни/итни потреби, граѓаните можат да се јават на 13 112 и по 16 часот.
-Црвен крст Охрид упатува апел до граѓаните да ги почитуваат препораките од Владата и Министерството за Здравство за заштита од новиот коронавирус и да останат дома и ве охрабруваме доколку имате потреба од доставување на храна, средства за хигиена и сл. ве молиме, јавете ни се, велат од организацијата.
Публицитет.мк