Уште од 2004 година трае соработката и воспоставеното пријателство помеѓу гимназијата „Св. Климент Охридски“ од Охрид и средното училиште Naverlonnskolan од Свалов – Шведска.
Иницијатор за соработката е професорот по математика и физика Љупчо Ралевски кој е роден во Шведска но корените му се од Битола.
Во Охрид , во тоа време соработката ја прифати и долгорочно ја градеше тогашниот директор на гимназијата – професор Љубиша Машановиќ . Тие почетни години соработката била и поинтензивна дел од професорите со голем број ученици оделе и во возвратна посета на Шведска на училиштата и градот Еслов кој е во близина на Малме.
Со клик на врската подолу, слушнете го интервјуто со гостите од Шведска во целост. Автор и водител: Милчо Јованоски
Учениици, професори и родители од Шведска континуирано, секој мај доаѓаат во Охрид да ги запознаат своите врсници, да го видат Охрид и Македонија.
Швеѓаните уживаа во езерото. Ни рекоа дека кај нив водата во морето кога е најтопла е како овде во мај.
И деновиве се случи таа средба. Директорката Весна Цветкоска и нејзините соработници имаа средба со нивните колеги од Шведска. Учениците и професорите заедно се дружеа на часови и ги разменуваа своите искуства.
Срдечно добредојде на пријателите од Шведска им посака директорката на охридската гимназија Весна Цветкоска, а гостите и подарија букет.
Нивниот седумдневен престој во Охрид Публицитет.мк го искористи за да го реализира аудио интервјуто од серијалот „Мојот живот, мојот свет“ .
Проф. Машановиќ на час – средба со новите гости од Шведска
Овој пат не е само една личност во фокусот – туку четири.
Тоа се: Љупчо Ралевски, неговиот колега Кар – Фат Поон. Кинез роден во Лонодон а живее во Шведска и учениците Меиа Зандер и Кристофер Шуман од класот 92C.
Директно од нив ќе слушнете за образованието овде и таму, дали е лесно да се научи македонскиот јазик, што им се допаѓа во Охрид а што не. Дали склопиле некои пријателства тука и дали пак би дошле во Охрид? Што мислат за нас и дали им се допаѓа храната? …
Музички, емисијата ја обоивме со една изведба на професорот Ралевски кој овде беше познат и како интерпретатор и со неизбежните АББА кои се’ уште првата асоцијација за Шведска кога е во прашање музиката. .
Публицитет.мк