Деновиве ОУ „Христо Узунов“ од Охрид на свечен начин го одбележа патрониот празник и големиот јубилеј 40 години од постоењето.
Со наставници и некогашни наставници од ОУ „Христо Узунов“ во чест на јубилејот разговара Милчо Јованоски:
Тоа беше доволен повод најновото издание од аудио серијалот „Мојот живот, мојот свет“ да го посветиме на поранешни и денешни просветни работници кои биле и се дел од образовниот процес во училиштето.
Од лево на десно: Пупиноски, Трајкоска, Дојчиноска, Сетфаноска и водителот Јованоски
Спделивме сеќавања, емоции насмевки како што доликува кога се евоцираат спомени од минатото.
Хорот на ОУ „Христо Узунов“на генералната проба
Милчо Јованоски пред и по генералната проба на јубилејната свечена програма годинава насловена СВЕТЛИНА ДА НИ Е ДЕНОТ во центарот за култура „Григор Прличев “ разговараше со наставниците во пензија: Даница Стефаноска, Слободан Пупиноски, Мирјана Трајкоска, Лена Дојчиноска и со нејзината ученичка Наташа Попоска – Карче.
Модерното селфи на некогашната ученичка во Христо, Наташа Попоска Карче
Во овој аудио колаж во кој повеќе од јасно е дека на пиедсталот се учениците ни гостуваат и наставниците : Наде Групче, Стефанка Ангелоска и Вера и Илија Булоски. Токму под нивно раководство помина свечената јубилејна приредба на училиштето.
На една од пробите: Булоска, Ангелоска и Булоски – Беше музика се’
Музиката која ќе ја слушнете е токму онаа која се слушаше на средбата на генерациите во авторство на сопружниците Булоски, а во изведба на училиштниот хор.
Наде Групче
Пораката беше – ИТАМЕ КОН ПЕДЕСЕТТКАТА!
Публицитет.мк