Наш гостин во аудио серијалот „Мојот живот, мојот свет“ е Антонио Ристески. На час и половина пред јубилејното 20 охридско „Распеано рибарче“ во „Аквариус“ со Тони разговаравме за неговото прво јавно појавување на сцена на тој фестивал во далечната 1999 година.
Се нижеа паралелно спомените и плановите, сегашноста … Сликите од детството, гимназиските денови, па се’ до дипломирањето и бендот кој го исфрли високо на македонската естрада- САМО ТОНИ И ДВЕ ЖЕНИ.
Со клик на линкот слушнете го интервјуто во целост . Со Антонио Ристески разговараше Милчо Јованоски
Растел во населбата „Христо Узунов“ во зградата кај кошот а учел во ОУ „Христо Узунов“ со другарите од тоа време , вели дека се гледа и денеска на кафе. Средно учел гимназија во Охрид завршил и нижо музичко – виолина. Таа денеска е само украс во неговиот стан ама се пронашол во контрабасот, кој е негов најдобар другар.
Мојата мајка Марина, јас на столчето,( имам 1 година) а роден сум 1990 година, брат ми Александар и најдесно мојот покоен татко Младен Пајо Ристески
Го прашавме како се снајде сред Штип со охридскиот дијалект. За тоа дали е вистина дека луѓето од македонскиот Исток се поведри, пријателски настроени?
Антонио во 1999 на „Распеано рибарче“ со песна на Милчо Јованоски ( текст ) и музика и аранжамн Илија Булоски
Тој е веќе дипломиран џез музичар , но вели дека е се’ уште млад да се врзе со некоја институција за работа бидејќи не се гледа во улога на човек кој ќе стане во седум па ќе оди на работа цели осум часа.
Полуматурант во ОУ „Христо Узунов“’ заедно со класната – Вера Булоска
-Имам сила и енергија и мислам имам уште многу нешта кои треба да и ги покажам на јавноста . Желба ми е да останам да живеам во Охрид , но никогаш не се знае каде контактите и патот можат да те одведат во иднина, вели во интервјуто.
Тони ни раскажа една шеговита и една реална приказна како се „роди“ бендот „Само Тони и Две жени“. За свирките ширум Македонија, зошто ја преферираат македонската евергрин и забавна музика.
Зборувавме за проектот МУЗИКА НА ПАТ во кој тој и девојките поминале 2870 километри низ Македонија и во 34 градови направиле по еден кус спот со омилена македонска забавна музика.
Неговите универзитети покрај дипломата која веќе ја има во џеб, биле и се контактите со улицата и пробивањето на сцената го исчеличиле.
Тони ни призна дека е голем вљубеник во гастрономијата и дека ужива да прави комбинации и дека готви премногу зачинета храна ама со девојките од бендот се нашле покрај со музиката и со храната. Омилени му е ѓомлезето и охридското макало.
На оваа и на многу други теми и прашања кои се одлика на серијалот, водителот и уредник Милчо Јованоски се обиде да добие конкретни и искрени разговори.
Публицитет.мк