Публицитет.мк ви нуди за слушање и за размисла уште една интересна аудио приказна, овој пат раскажана од страна на познатиот, признат и ценет физиотерапевт Арслан Сулјеман од Охрид.
Физиотерапевтот Арслан Сулјеман зад себе има над дведецениски работно искуство стекнато во јавното здравство и речиси шест години во својата приватна ординација АЛТА ЦЕНТАР.
Токму неговата ординација е неговиот живот и неговиот свет. Во неа е среќен што работи заедно со помалата ќерка Адријана.
Арлсан искрено ни рече дека уште во петто , шестто одделение знаел дека го влече медицината,а на крајот од средната школа ( учел био –техника ) и го избрал рационалното – продолжил на Вишата физиотерапевтска школа во Белград.
Немаше да бидам тоа што сум денес ако не беше физиотерапевтот Паско Гоџо од Струга кој работеше во Коснозглобната болница, ( кадце што работеше и мајка ми) тој ме воведе во тајните на оваа професија.
Го прашавме, она што многумина би го прашала доколку би биле на наше место:
Во што е тајната на успехот, во неговите „златни“ раце или љубовта што ја дава преку работатата и негата кон секој пациент?
Зборувавме за неговотот детство минато крај Градска плажа и месноста Дрвара каде што живее во сопствениот дом.
Првите сеќавања му се врзани со кусите патувања со автобус до Струга каде што живеат роднините по мајка му. Пораснал во мултиетничка средина и имал среќно детство, најблиските другари распрснати му се низ целиот свет, но кога доаѓаат преку лето, пак се гледаат.
Ни раскажа за долгите детски денови,поминати покрај реката Грашница, пливањето, скитањето до Плаошник, Канео, Лабино… За бескрајното играње фудбал и гледањето бокс во живо организиран од нивниот повозрасен другар, Петрит Ислам кој за жал не е меѓу живите. Се сеќава на улицата „Махмут Рифат“ и импровизираниот боксерски ринг.
Арслан со многу носталгија и емоциии зборува за својот покоен татко и дедо, за драгите лица кои оставиле длабоки траги во неговото воспитување со онаа познатата – дека треба да се биде чесен и работлив човек.
Татко му Демир цел живот бил пекар во „Жито леб“ и бил чесен и скромен човек кој имал желба Арслан да го заврши успешно започнатото образование. Од пријателствата кои му останале во наследство од татко му е она со најблиските на покојниот Крсте Пепелко од Варош, но ги има и ред други .
-Можеби со сите не се гледаме често,ама се почитуваме бескрајно , ни рече Арслан
-Кога љубовта е во прашање и традицијата, историјата како да се повотори.
На начинот на којшто јас ја побарав раката на мојата жена и мојот зет дојде да ја побара нашата ќерка, ни рече Арслан. Микрокосмосот на Арслан се неговата сопруга Љулијета, двете ќерки од кои едната е омажена Тина и го израдува со зетот Данко , а потоа и првата внука Лорена.Тие живеат во Виена.
И да не ви прераскажуваме се’ слушнете го аудио интервјуто со Арслан Сулејман во целост:
Разговараше: Милчо Јованоски
Публицитет.мк