Д- р Елизабета Шелева е родена во Охрид (1961 г.) Таа е редовен професор на Катедрата за општа и компаративна книжевност, при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје.
Со д-р Шелева за компаративата во книжевноста, за нејзините корени, идеи како во вистински уметнички центар да заживее Охрид разговараше Милчо Јованоски.Слушнете ги нејзините интересни ставови за тоа има ли во Македонија вистинска уметничка и книжевна критика, каде е местото на интелектуалците денес, зборуваме за нејзината опседнатост со творештвотѕо и ликот и делото на Григор Прличев, зошто водата ја смирува , како го минува слободното време, што прави кога ништо не прави . што значат за неа пријателствата и уште еден куп прашања што можат да се родат додека разговарате со елоквентна, префинета и оригинална личност со длабока интуиција и бескрајна креативност кога е во прашање уметноста и стилот на живеењето.
Биографијата на д-р Шелева е богата:
Елизабета Шелева била претседавач на здружението на Независните писатели на Македонија и уредничка на книжевното списане „Наше писмо“. Членка на македонскиот ПЕН центар. Долгогодишна уредничка на регионалното списание за литература и култура „Sarajevske sveske”, кое излегува во Сараево (БИХ).
Директорка на летната школа „Македонскиот културен идентитет“, при „Свети Климентовиот летен универзитет“, одржана во Охрид, 2011 г.
Професорка на курсот „Балканскиот субјет и неговите родови“, при Охридскиот летен универзитет за пост-дипломци, одржан во Охрид, 2001 г.
Раководителка на научно-истражувачкиот проект „Удвоена Другост – родовите аспекти на балканизмот“, при фондацијата „Институт Отворено Општество“ – Македонија, во 2004 г.
Гостин професор на школата за пост-дипломци „Феминизмот во транс-национална перспектива“, при Интер Универзитетскиот центар во Дубровник (Хрватска), во учебната 2007 и во учебната 2008 година.
Учесник на тркалезната маса со Гајатри Спивак „ Постколонијалниот дискурс и Балканот“, одржана во Скопје, на 8 јули 2003 г.
Раководителка на симпозиумот „Без прогонство, кој сум јас“, при Струшките вечери на поезијата, посветен на лауреатот Махмуд Дарвиш (во 2007).
Учесник од Македонија во меѓународниот проект „Сликата на Другиот во книжевното образование во Југоисточна Европа“, во 2001 г., Софија (Бугарија).
Колумнистка на дневниот лист „Дневник“, во текот на 2000 г.
Ги уредила: антологијата на македонската современа поезија „ Песна меѓу две лета“ за Струшките вечери на поезијата, во 2009 г. и блокот „Македонската поезија во транзиција“, за специјалниот број на „Sarajevske sveske“ за 2007 г.
Член од Македонија во меѓународното жири за доделување на наградата „Балканика“ во 2007 г., 2009 г. и 2012 г.
Авторка на предговорот кон Изборот поезија од Вали Монгани Сероте, добитник на Златниот венец на СВП за 2012 г.
Авторка на критички текстови за ликовните каталози на: Мирослав Масин, Слободан Живковски, Стојан Ѓуриќ, Драган Мијач, Маријета Сидовски и Симонида Филиповска, Емил Шулајковски.
Преведува од англиски, српски, словенечки јазик – од англиски јазик ги превела теориските книги на Џудит Батлер „Проблеми со родот“ (1998 г., заедно со Р.Алаѓозовски) и Карл Попер „ Непрекината потрага“, како и книгата поезија „Медено ласо“ од Ронит Бергман.
Од словенечки јазик ја превела книгата „Теорија за денешно време“ од Растко Мочник (заедно со Ј.Котеска).
Објавила околу 200 прилози и 8 авторски книги.
„Компаративна поетика“ (1996), „Книжевно-теориски студии“ (1997), „ Културолошки есеи“(2000), „Од дијалогизам до интертектуалност“(2000), „Заробеници на денот“ (2001, колумни), Отворено писмо (2003), „Дом/идентитет“ (2005), „Домот на писмото“ (2008).
Добитничка на наградата „Млад борец“ за дебитантска книга во 1986 г. и наградата за долгогодишен придонес во областа на есеистиката, од списанието „Корени“, Куманово, во 2007 г.
И ова интервју е дел од проектот на НУ Библиотека „Григор Прличев“ посветен на Роднокрајните критичари и вусшност е негово прво појавување – претставување во јавноста – етерот.
Публицитет.мк