Новото издание на МОЈОТ ЖИВОТ, МОЈОТ СВЕТ овој пат ја носи животната приказна на д-р Јулија Василеска, психолог – вработена во Општа болница.
Со клик на линкот подолу слушнете го интервјуто со д-р Јулија василеска во целост
Разговорот со д-р Јулија во „Аквариус“ започна неврзано. Прво ми заблагодари што сум ја поканил во мојата канцеларија каде погледот завршува во сините води на езерото, а сончевите зраци ни даваа енергија плус. Таа ни рече дека после секое дежурство наутро сака да испие кафе некаде крај езеро, а често за друштвото да и’ е попријатно и ѕвони на некоја од бројните пријателки со еден релаксиран разговор да им започне денот. Токму тие пријателите, колегите, пациентите со нас споделија грст нејзини одлики – или како тие ја доживуваат Јулија докторката, Јулија сопругата, мајката, снаата, колешката или пријателката
.
Одговорите беа: – Едноставна, комуникативна, голем другар и пријател. Други за д-р Јулија ни рекоа сопруга, посветена мајка, професионалец во својата работа.
Во култниот „Аквариус“ со Василеска разговаравме за нејзиното секојдневие, работните обврски, нејзините радости и таги, семејството, пријателите …
Зошто и по многуте излети и одмори и патувања во странство го сака Балканот, а не некое друго место за живеење, зошто насекаде и’ недостига мирсот на прашината од улиците од нејзиното родно Куманово?
Ни раскажа и за сопствената претпазливост во животот а ни откри зошто учела да вози велосипед на угорница а не надолу на една од познатите кумановски тумби.
-Секогаш во животот сум претпазлива и секогаш за да стигнам до нештата свесно го одбирам патот на проугорнината така се чуствувам посигурна и се потпорам на сопстевното знаење и искуство, ни рече д-р Јулија.
За тоа зошто студирала медицина, дали е тоа професија за сите времиња, според татко и’?!
По една година во САД каде ја завршила четвртата година од гимназијата се враќа во Македонија и се запишува на Медицинскиот факултет во Ниш, па по една година се враќа во Скопје.
Ќе слушнете како Јулија од Куманово се омажила во Охрид интересни анегдоти од периодот кога се запознала со сопругот нејзиниот животен сопатник д-р Сашо Василески со кого имаат две ќерки и еден син.
Зошто нејзиното семејство по мајка и татко од Кратово и Куманово и наликувало на она од популарната „Зона Замфирова“ и колку и недостигаат роднините во Куманово и Кратово и мајка и’ која заедно со нејзиниот брат живее во САД. Сета љубов и топлина вели дека сега ги споделува со семејството – сопругот, трите нивни Сонца – децата, родителите на Сашо кои вели дека секогаш и биле потпора и дека од првиот ден ги вика мамо и тато.
Се вративме и во 1998 додека чекала вработување Јуле работала на СОС телефон,тоа време дошла и одлуката приватно да специјализира психијатрија…
Таа вели дека ја сака својата професија и среќна е што успеала да се пронајде во неа – психијатријата. Ја загатнавме и темата дали падна табуто да се оди на психолог или психијатар. Имавме време да ја допреме и нејзината професија од аспект на искуството и препознавањето на пациентите, успешноста да ги отвори и да им помогне … И за тоа дали се кршат табуата во однос на тоа дали е срамно и страшно да се побара совет од психолог или психијатар.
Д-р Јулија одбра прекрасни музички нумери од Драган Стојниќ, Лео Мартин, Бочели, ама не го заборави и кумановецот Нино Величковски и неговата „Бабино девојче“.
Ни призна дека во семејството во кое дошла – Василески сите се речиси гурмани, а таа од баба и’ како традиционалист ги научила сите кумановски специјалитети кои со задоволство ги прави и денес. Д-р Јулија ги сака кафеаните и музиката,а ни раскажа дека последниве години заедно со редица пријатели речиси секоја недела имаат заеднички ручек залеан со вино и музика од компјутери, па често знаат сите да запеат и да заиграат.
Слушнете ја незината размисла за љубовта и пријателствата, како и за тоа што сака да и’ се случи во следните пет години ( вели дека посакува да стане млада баба и да им се посвети на внучињата).
Публицитет.мк