Гостин – домаќин во „Мојот живот, мојот свет“ овој петок е д-р Сашо Стоев, стоматолог – сопственик на истоимената стоматолошка ординација во Охрид.
Слушнете го интервјуто со д-р Стоев. Разговараше: Милчо Јованоски
Д-р Стоев 11 години е во Охрид, роден е во Гевгелија а тука го донесе љубовта на неговиот живот Марија Филева со која се запознаваат во Скопје додека се на студии и живееле во една зграда но во различни влезови. По дипломирањето обајцата решаваат да живеат во Охрид.
С
Марија е дипломиран филолог – германист, работи во семејната фирма на татко и’ Павел а Сашо една деценија е стоматолог.
-Нема успех ако не се надополнуваме еден со друг. Убаво е кога твој близок човек, кому бескрајно му веруваш ќе ти укаже во која насока оди твојот бизнис. Јас и Марија си се надополнуваме и се радуваме на секое ново камче во нашиот мозаик, вели д-р Стоев.Плод на нивната љубов се двете деца Матеа и Павел кои се нивниот универзум.

Матеа и Пaвел
Во секоја втора реченица кажана во ова интервју споменати се тие и вредностите на кои обајцата се стремат да им ги пренесат а ги научиле од нивните родители.

Со д-р Сашо разговаравме за детството минато во Гевгелија за растењето со братот кој е ветеринар, за татко му и мајка му, ама и за родителите на неговата сопруга Наде и Павел кој признава дека му се поткрепа. Неизбеѓено беше прашањето за темпераментот и каракетори на гевгеличани споредено со охриѓани.

Родителите на д-р Сашо
Протекоа мисли и за големите друштва, за деновите минати во викендичката на Кожуф , за учењето и свирењето клавир во која сега го наследува доста успешно ќерката, за тоа како од мал знаел дека ќе е стоматолог, но за да се затвори кругот , зборуваме и за проектот кој го спроведуваат низ охридските градинки и за искрената детска љубов и мисла.

Во интервјуто се допрени седенките со песната, гурманлукот на д-р Сашо, прошетките во природа кои се повод за заедничко семејно уживање исто како и патувањата.

И во ова интервјуа се незибежните прашања за миговите на најголема радост и тага, и што тоа сака д-р Стоев да му се случи а да му го соопшти на некое следно интервју на истот новинар по добри пет години.

Д-р Сашо вчера го прослави својот 38 роденден,работно до доцна, со што покажа дека е целосно предаден на професијата а потоа во кругот на најблиските го одбелжа својот роден ден. Публицитет.мк му посакува среќа и да му се исполнат сите желби, а интервјуто доаѓа само три недели пред јубилејната 10 годишнина од успешното функционирање на неговата ординација.Д-р Сашо релаксацијата ја бара и во играњето фудбал со колегите и пријателите, ама и пикадо. Локацијата за пикадото не ја открива, вели дека тоа е само нивен простор.

Го загатнавме и јубилејот и со него соработката со заштитините лица уметникот Мајкл Клос , кој има мини изложба во неговата ординација и со пеачот Боби Мојсоски кој же ја пее песната НАСМЕВКИ посветена на неговата амбуланта.

Од лево, таткото на д-р Сашо и од десна таткото на Марија, Павел кому Сашо му благодари за целосната поддршка
Стоматологијата овојпат не беше примарна тема во разговорот.Новинарот и водител Милчо Јованоски се обиде да допре до одго
ворите на други секојдневни и важни прашања од животот на еден човек, кому семејството му е пред се’ и над се’.

Уште една интересна сторија и животна филозофија проткаена со музика по избор на гостинот и со многу нешта кои тераат на размисла дека ЖИВОТОТ Е УБАВ и дека треба да му се насмевнете, за и тој да ви се насмее.
Публицитет.мк






