Проф. д-р Вера Стојческа – Антиќ родена е во Битола на 10 август 1939 година. Основно и средно образование завршила во родниот град. Дипломирала во 1963 година на Филолошкиот факултет во Скопје, при Катедрата за историја на книжевностите на народите на СФРЈ.
Во 1968 година била избрана при истиот Факултет за асистент. Во 1974 година докторирала на тема од областа на средновековната македонска книжевност. Во редовните законски периоди била избрана за доцент, потоа за вонреден и редовен професор. Доктор по филолошки науки. Професор на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Почесен член на ДПМ, како и на Американската славистичка асоцијација.
Со клик на врската подолу, слушнете го аудио интервјуто со д-р Вера С. Антиќ во целост. Со д-р Антиќ разговараше Милчо Јованоски
Вера Стојчевска – Антиќ научниот век го поминала на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје, од местото асистент сè до пензионирањето. Таа била првиот директор на Институтот за македонска литература, во основање. Вршела должност на уредник во списанијата :„Литературен збор“, „Спектар“, „Годишни зборници на Филолошкиот факултет“ во Скопје. Почесен член е на Друштвото за наука во Битола. Вера Стојчевска Аантиќ учествувала со предавања и реферати во бројни странски меѓународни научни собири, како и во славистички центри: Букурешт, Атина, Солун, Варна, Благоевград, Киев, Москва, Петроград, Брисел, Рим, Неапол, Чикаго, Њујорк, Лос Анѓелес, Сан Франциско, Детроит, Ен Арбор, Торонто, Њу Делхи и др. Научната дејност на Вера Стојчевска Антиќ е позната во бројни македонски и странски славистички центри, која главно се одвивала околу средновековната македонска книжевност, теорија, фолклор, со компаративни согледби. Раководител е на повеќе проекти кои ги вклучувале научниците од Филолошкиот факултет, како и од Институтот за македонска литература.
За нејзината дејност јасно говорат бројните признанија и награди: „13 ноември“ на град Скопје, државните награди на Република Македонија; „Климент Охридски“, „Гоце Делчев“, „ 11 Oктомври“, „Орден со сребрени зраци од Владата на СФРЈ“, „4 ноември“ на градот Битола за животно дело. Во „ Универзитетот Охајо“ во Колумбос, ја добила престижната награда „Црвена плакета“ за афирмацијата на македонскиот јазик во САД“. Покрај овие награди Вера Стојчевкса Антиќ примила бројни признанија, пофалници и од повеќе научни и културни институции.
Денес делото на Вера Стојчевска Антиќ содржи над 850 објави во земјата и во странство, од кои околу 70 претставуваат книги, од кои некои се со ко-авторство, поголеми печатени делови од македонската книжевна историја, од кои посебно се издвојуваат:
Од средновековната книжевност, (1976);
Локални хагиографии во Македонија, (1977);
Низ страниците од јужнословенските книжевности (1977);
Средновековните текстови и фолклорот, (1978);
Богомилството во средновековната изворна граѓа, (со Драгољуб Драгојловиќ)1978;
Климент и Наум Охридски во народната традиција (1982)
Св. Климент Охридски, (1986);
Тиквешки зборник (со Блаже Конески), (1987);
Меѓу книжевен текст и фолклор, (1987);
Од ракописното наследство (1987),
Пораки од дамнина (1988),
Митологуемна (1990)
Библијски атлас, (со други автори), (1990);
Сто македонски библиски народни приказни (1993),
Во чест на Светите Кирил и Методиј, коавтор (1994),
Патописи и разговори (1994),
Со збор во светот (патописи, 1995)
Апокрифи, (1996);
Средновековни романи и раскази, (1996);
Претсткажувањата на голем Александар, (1996);
Историја на македонската книжевност-Средновековна книжевност,, 1997;
Средновековни книжевни жанри, коавтор (2000)
Профил, 2001;
Култот на Св. Богородица во Македонија, 2003
По стапките на христијанството во Македонија, пет книги, (со м-р Митрополит Методија Златанов),2004-2010;
Македонистиката во странската славистика, 2014;
Почуствувај ја МАКЕДОНИЈА со ШЕСТОТО СЕТИЛО -СРЦЕТО – Циклус Св.Ѓорѓија
И покрај се’ што создала во текот на животот и нејзината големина како научник и д-р на науки и професор нема студент од сите нејзини генерации кој би кажал лош збор за неа, напротив. Таа е скромна, ненаметлива, едноставна и како што ни рече и денес и се драги средбите со нејзините студнети. Еден од нив е и потписникот на овие редови и водител и автор на интервјуто со неа.
Со д-р Стојчевска – Антиќ се сретнавме во Скопје и деновиве разговаравме за Охрид,средбите со охриѓани и пријателствата кои траат со децении. Како што ни рече и сега не е свесна како се случилио само на 18 години да се вљуби во својот сопруга, за жал сега покоен Миќо Антиќ познат гинеколог подоцна и професор на Медицинскиот факултет во Скопје кој во тоа време заедно со д-р Ристо Филев биле зачетниците на одделението за гинекологија во сегашната Општа болница во Охрид, Интересни и несекојдневни се спомените од и за Семинарот за македонски јазик, литература и култура. За спомените од родната Битола има посебно поглавје во интервјуто, како и за внуците. Проф. д-р Антиќ зборува и за моменталните преокупации за средновековната книжевност, нејзината потесна специјалност, но за најновото дело кое во нецела година доживеа дури 14 промоции – книгата „Мојот професор, пророк“ посветена на Блаже Конески. Во неа каде авторката Антиќ го опишува нејзиниот однос со него, како и нејзин коментар за некои од песните на Блаже Конески.
-Конески беше мој професор, а потоа станавме колеги. Во книгата има и наши разговори, како и мое видување на некои од неговите дела. Тој е од преголема важност, но неговото дело не е доволно признаено. Затоа и книгата ја завршувам нарекувајќи го „Џинот од Небрегово“, вели професорката Стојчевска Антиќ. Речиси низ целото интервју провејува љубовта и почитта кон делото на Конески.
Публицитет.мк