Познатиот и признат спортски работник, поранешен фудбалер и спортски судија, живата легенда на охридскиот спорт предвреме беше дојден на договореното место за интервју, вели – Навика од фудбалот скоро еден час да си пред натпреварот во соблекувалните во и околу теренот.
Со клик на линкот подлу, слушнете го интервјуто со Димче Лепиот- водител е Милчо Јованоски
Разговорот во „Аквариус“ ни тргна од тоа кои и какви биле критериумите некогаш и денеска кога е во прашање делењето на фудбалската правда. Префрливме на виталноста и фактот дека тој како што ни рече не пуши , не пие а се движи и се дружи со пријатели . Вусшност тука лежи тајната и на неговиот бистар ум во кој покрај во неговата тетратка како на филмска лента се менуваат фудбалските згоди, фудбалери, судии… Сепоак вели доста е сиот материјал што не влегол во неговите книги а го има ќе му го предаде на некој млад ентузијаст кој ќе сака да истражува и пишува.
Во интервјуто ќе слушнете како Димче го добил прекарот Лепиот и кој и каде првпат го спомнал.
Признава дека тоа влечи корени од едно негово учество на работна акција. Димче ни раскажа дека пред да игра фудбал почнал со ракомет. Го поминавме и периодот за неговото растење и школување и работата од „Градинар“ преку задругата во Белчишта, „Охридска трговија“ па до пензионирањето во „Жас“.
Неминово се навраќавме на фудбалот и судењето кои денес се неговата љубов, за деветте книги – монографии посветени на локалниот и регионалниот фудбал и фудбалските судии преполни со спомени и ретки фотографии.
Како се случило Димче да ја напушти и сопствената свадба за да игра на Грашница.
Во тоа време играл за ФК „Металец“ и не можел ,како и денес да издржи без фудбалската топка. Од првиот ден така и кажал на сопругата и на кумот дека меѓу него и неа е фудбалот. Неговата Живка по потекло од Љубаништа , според него денес е горда на се ’ што постигнал ,а Димче вели дека поминале и врват убави години заедно. Имаат два сина и веќе еден оженет внук. Димче се надева дека некој од правнуците што допрва чека желно да се родат да го има неговиот талент, зашто синовите Владо и Љупчо тргнале по други афинитети.
Во интервјуто има и други моменти тажни и повеќе среќни , ќе слушнете и грст анегдоти од фудбалските терени, како и историски факти сврзани со фудбалот во Охрид и неговата љубов – фудбалскиот клуб „Охрид“.
Ако слушате ќе дознаете за првата фудбалска топка во Охрид, за тоа каде низ градов имало фудбалски терени, ама и речиси секоја наслеба имала свој клуб, кога е направен теренот на Грашница., за фудбалските натпревари на охридските екипи со екипи од Поградец и Корча, за ривалитетот со стружани и дерби натпреварите Охрид – Караорман.
Димче Лепиот вели дека сака музика, но дека не знае да пее. Одбра интересни музички нумери меѓу кои и една од неговиот син Љупчо Лепи.
Димче и во средината од седумдесеттите од животот e витален и енергичен, зборува со многу емоција и возбуда која и денес не го напушта.
Фото: Приватна архива – Димче Стојкоски – Лепиот
Публицитет.мк