Главен повод за интервјуто со Трајчески е 35 годишнината од постоењето на КУД Отекс сега Фолклорен ансамбл „Отекс фолк“- Охрид.
Со клик на линкот подлу слушнете гоп во целост аудио интервјуто со Димче Трајчески, сега уметнички директор ФА „Отекс фолк“ – Охрид. Со него разговараше Милчо Јованоски
Пред една недела сите генерации играорци одржаа гала концерт во Центарот за култура „Григор Прличев“ .
Присутните го оценија со високи оцени, со многу емотивен набој и енергија. Шефот или Белото како што најчесто го викаат неговите соработници и пријатели зборува за себе, за почетоците, за драгите луѓе, успесите ама и за препреките кои морал да ги минува и од нив да излегува како победник.
Во еден час малку е да се соберат сите анегдоти, сите турнеи, сите чувства, сакани песни…
Ова е разговор во кој Димче раскажува за себе за фолклорот, за семејството, за пријателите.
Вообичаено како и сите други ни одговори на прашањата за најголемата радост и тага и ни кажа што сака да му се случи и за околу 5 години да ни каже дека му се случило.
Публицитет.мк