• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
сабота, август 23, 2025
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Мојот живот, мојот свет

„Мојот живот, мојот свет“: Драган Мијалковски (2) дел

ноември 22, 2021
in Мојот живот, мојот свет
„Мојот живот, мојот свет“: Драган Мијалковски (2) дел

Во култниот аудио серијал „Мојот живот, мојот свет“ следува вториот дел од интервјуто со легендата на македонската забавна музика Драган Мијалковски.

 Слушнете за тоа како Драган и Маја Оџаклиевска биле единствената пеачка придружба на трите ју турнеи на Оливер Драгоевиќ, како е настаната песната „Лебеди пловете“ или онаа „ На 223 305“. За турнеите по Русија и Австралија и низ цела некогашна Југославија. 

Со клик на линкот подолу слушнете го интервјуто во целост:

 

Драган Мијалковски некогаш  жареше и палеше по македонските и тогашните југословенски фестивали на забавни мелодии. Без него  не се можеше. Победуваше најмногу во  Скопје, но се китеше со награди и популарност и  преку настапите во Белград, Загреб,  Сараево, Сплит и Опатија…

Зад него се илјадници концерти долги турнеи и настапи на фестивали и многу песни кои слушателите и денес ги обожуваат, пеат и сакаат одново да ги слушнат.

25182392 10203951928675160 9184342373008180290 o

Неговото златно време на естрадата беше помеѓу 70 и 80 години од минатиот век.

Драган Мијалковски роден е 1950 година и зад себе има долга кариера од над педесет години. Почна со забавната , се сврте кон народната а компонира и детски песни.

Нашите повозрасни слушатели сигурно ќе се израдуваат кога ќе го слушант нивниот омилен пејач а помладите ќе се запознаат со еден естраден уметник кој и на почетокот на осмата деценија не се предава и со сета душа зборува за музиката и тој во неа. 

За тие негови времиња, за почетоците и детството за кое малку јавноста знае,  за растењето во Скопје, првиот настап во живо, првата снимка, омилените песни и како настанале дел од нив и за тоа  како ги минува пензионерските денови (од пролет до доцна есен) во Подмоље во кои вели дека има премногу време за компонирање и неговата љубов музиката , со Драган Мијалковски разговараше  Милчо Јованоски.

Публицитет.мк

Посетеност: 281
Share
Previous Post

СДСМ – Охрид: Најавите на градоначалникот Пецаков за плажите се косат со законот и со препораките на УНЕСКО

Next Post

Нови 155 лица со Ковид – 19

Next Post
Нови 155 лица со Ковид – 19

Нови 155 лица со Ковид - 19

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 281

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk