-Кога поактивно цртав и изложував луѓето ме доживуваа како ликовен уметник. Кога почнав да качувам планини и кога стана доминантна веста за искачувањето на Хималаите , луѓето ме нарекуваа планинарката Илина. Потоа ќе ме прашаат, па чекај знаеш да црташ. Да , тоа е прва моја професија, им велам. Сакам и знам многу јазици, сум магистрирала деловни јазици, бизнис и меѓународна трговија, вака се престави себеси во интервјуто за „Публицитет.мк“ Илина Арсова првата Македонка која се искачи на Монт Еверест.
На самиот почеток на интервјуто алпинистката Илина Арсова ме поправи и ми рече: – Јас не ги освојувам врвовите, тие не можат да се освојат.
Некогаш истражувачите, географите кога ги освојувале териториите , може да се каже дека првиот пат кога стапнале на некој врв дека го освоиле. Ние во денешно време можеме да имаме среќа и гостопримливост од планината да ни дозволи да застанеме на врвот само за момент и да не пушти здрави и живи да се вратиме назад или пак да не ни го дозволи тоа. Јас во мојата приказна се соживувам со врвовите, зборувам со нив , ги искачувам, но никогаш не би можела да кажам дека сум ги освоила. Сум била пресреќна што сум една од ретките луѓе што стапнале на нив.
На Олимп
Ја прашав Илина за поривот и за желба да се натпреварува со природата и сите нејзини лица. Таа кусо рече дека нема натпревар со природата, како што нема натпревар со планината, туку тој натпревар е единствено самиот со себеси.
На „Галичка свадба“ како бајрактарица
Таа е првата Македонка која го искачи Монт Еверест, а амбициозно го исполнува планот да ги искачи сите седум највисоки планински врвови на светот. Планот и е до пола пат остварен,но како што вели во меѓувреме и се раѓа желбата да искачи и други врвови кои имаат своја специфика.
Натпревар по болдер „Пластикмен“ во Борис Трајковски, Скопје
Ни раскажа дека од мала се занимавала со разни спортови, но дека кај неа никогаш не преовладувал тој натпреварувачки дух особено во натпревар со човекот. Во современите општества , ни рече Илина има натпревар меѓу луѓето и во искачувањето на врвовите, која за колку време и во какви услови го сторил тоа и редица други елементи.
Иран со екипата од жени
-Ако е така, ни рече Арсова тогаш јас доколку би имало такво нешто кај нас би имала водечка позиција бидејќи за најкусо време сум се искачила на Монт Еверест од онаа страна од која неколкумина од Македонија веќе сме го сториле тоа.
Признава дека таква е од мала. Ја влечат височината , адреналинот, ветрот, снегот , пејзажот , кој пред се’ ликовно ја исполнува.
Слики од детството
Пред месец и половина Илина се врати од последната експедиција од Непал во која заедно со Филип Василевски – Четкар од Охрид стигнаа до врвот на планината Мера на височина од 6 476 метри. Таа ни откри како случајно се нашле во експедицијата со Филип, во Аргентина искачувајќи ја Аконкагва, како се дружеле и како го продлабочиле пријателството таму во височините , иако во Лагадин речиси може да се каже дека се први соседи. Ни раскажа и како и тогаш и во најновиот подвиг ги крателе часовите одејќи пеш и пеењето на цел глас , таму на врвовите на низа македонски народни песни, со кои ја лечеле носталгијата,а можеби си го споделувале и стравот и ама и радоста сврзана со големиот успех.
На пат кон Титов врв
-Замислете и додека пешачите музиката влијае врз чекорот
зависно од тоа што слушате таков ви е и чекорот. Кога сум во планина и во природа уживам во звуците кои ги создаваат отворените пространства. Некогаш тоа е татнеж од лавини кои не се благопријатни. Тоа е знак преку кој природата ни покажува колку сме ситни, мали , немоќни во споредба со неа, вели Илина.
На прашањето како се гледа во одразот на огледалото, ни рече дека првпат е некој да и го постави на овој начин ова прашање.
– Јас сум прилично отворена личност, она што го доживувам и најчесто го претставувам пред јавноста. Едноставна сум и неколку пати сум се опишала себеси како скромна . Не ми треба многу за да бидам среќна. За разлика од многумина во денешно време знам често да се порадувам на еден обичен зрак сонце, на една обична пеперутка што ќе прелета пред мене. Но имам повеќе амбиции. Сакам на повеќе полиња да целам високо. Тоа е пак релативно … Пред се’ сум ликовен уметник. Импресиите на другите се базираат на последните информации коишто ги добиле за мене. Кога поактивно цртав и изложував луѓето ме доживуваа како ликовен уметник. Кога почнав да качувам планини и кога стана доминантна веста за искачувањето на Хималаите , луѓето ме нарекуваа планинарката Илина. Потоа ќе ме прашаат, па чекај знаеш да црташ. Да , тоа е прва моја професија. Сакам и знам многу јазици , сум магистрирала деловни јазици, бизнис и меѓународна трговија . Сепак сум свесна дека ниту една од моиве пасии не е нешто премногу доходовна.
Преминување преку кревас, на пат кон Еверест
Илина отворено ни кажа дека во мигот кога материјално била најнестабилна и најсиромашна , срцето и душата и биле најисполнети. Свесна е и среќна е и не се жали поради тоа. Единствениот начин врз кој опстанува е туризмот. Преку наследената куќа во Лагадин, кај Охрид која ја претвори во мал хостел, работи како туристички водич , организира креативни работилници …
Примање на „Штитот на вечноста“од македонскиот конзул во Торонто
Најголема поддршка и се нејзините најблиски и преку една анегдота раскажува колку е вистината поговорката „ Не сте свесни колку можете, додека не слушнете од тие што веруваат во вас“.
Скијање на Шар Планина
Илина ни објасна како се одвиваат подготовките за искачувањата, што се треба да се стори пред да се помисли дека треба со недели да се биде активен и да се сонува буден.
Апел СОС за Охрид изложба на Охридско лето
Ни го објасни величественото чувство додека се качува по сртовите, прекрасните пејзажи кои потоа се обидува да ги претвори во уметнички слики, водењето дневник, спиењето во шатор, поставен на некој непристапен терен или на пример на врвот на некоја карпа. Има и ред случки кои откако ќе завршат со среќен крај, само се прераскажуваат, а чувството од тоа што можело да се случи се заборава.
По повод ден на планетата земја 22.04.2015, организатори на настанот со Енис Хилми
Во интервјуто Арсова зборува и за тоа каква храна јаде во височините, како се справува со разредениот воздух. Има простор и за перидот по освојувањето на Монт Еверест и миговите на нејзината горчина во душата, како и за граѓанската група СОС во која активно членува,а некои ја нарекуваат фантомска.
Минатогодишната ски – извидница на Иран со чисто женаска екипа: Ванеса – фотограф, Естел, Оксана, Мона и Илина
– Луѓето не смеат да се плашат од авантурата и убивањето на своите соништа , од едноставна причина што се плашат дека не го знаат јазикот на пример на земјата која сакаат да ја посетат. Треба да го направат тој прв чекор ќе се снајдат, порачува Илина.
На моето прашање : Каде се чувствувала најубаво?, искрено ми рече:
-Пред да се преселам да живеам во Охрид поминав едно педесеттина земји на пет континенти и секаде убаво се чувствував. Но не случајно го одбрав Охрид. Еден септември кога дојдов овде и го видов градот во таа спокојност и мир толку се заљубив во него што реков богами ваква убавина никаде во светот немам видено. Веројатно одговорот ќе биде „Охрид, Охрид , убав, мил“.
Кај меморијалниот споменик на нашата легенда, прв Македонец на Еверест – Димитар Илиевски Мурато, сликано непосредно по моето искачување на врвот, на 60 годишнината од првото искачување.
Илина ни одговори за тоа како стои со љубовта, има ли време за неа, на веќе стандардните прашања сврзани со музиката и што би сакала да и се случи и што би сакала таа да ни соопшти , условно речено во интервјуто кое би го правеле по пет години.
Со Хилари Клинтон во Стејт департмент за време на глобалната програма за менторство во спорт
Ако ви недостига оптимизам, желба за откривање нови светови и широк поглед, слушнете го интервјуто со Илина Арсова. Во него има се’ на претек:
Качување низ Југоисточна Азија Тајланд
Разговараше: Милчо Јованоски