Прв гостин во интервјуата „Мојот живот, мојот свет“ на Публицитет.мк е поетот, писател и публицист Иван Трпоски од Сиднеј, Австралија.
Трпоски веќе 48 години живее во Сиднеј а на секои четири години се враќа во своето родно Волино. Така се бори со носталгијата и не знае,како што ни рече дали таа е поголема кога е тука и ги шета полињата, градовите,при средбите со роднините, другарите, колегите поети или пак таму среде Австралија, каде му се жената, ќерката, зетот и внуците.
Со клик на линкот подолу слушнете го во целост аудио интервјуто на Милчо Јованоски со Иван Трпоски
Со братучед ми Кристафил на Ѓурѓовден 6.5.1958 год.
Иван, сега е пензионер, но и натаму е библиотекар во друштвото „Григор Прличев“
Ова лето во Охрид Иван Трпоски од страна на претседателот на РМ Ѓорѓе Иванов беше одликуван со медал за заслуги за Македонија .
На Денот на независноста – овој септември во литературното друштво „Григор Прличев“ со коктел прославен медалот заслуги за Македонија
Иван медалот го доби за исклучителната посветеност и ангажираност во своето работење со што дал значаен придонес за афирмација на Република Македонија во Австралија и за унапредување на пријателските односи и соработката меѓу татковината и неговата втора татковина.
Доаѓањето во родниот крај Трпоски го искористи за промоција на неговиот најнов публицистички труд „Македонија – не те забораваме“ кој имаше две успешни промоции во Скопје и Охрид.
Иван на промоцијата во Скопје
Иван Трпоски низ ова негово последно книжевно богатство, за него и за Македонците во Австралија а со тоа и за сите нас достојно се прикажува како проследувач и учесник и лобист, активист, патриот кој во 1968 го напуштил своето родно Волино и се населил во Сиднеј. Подоцна кај него ја прибира и жена му Нада а семејството се комплетира со раѓањето на неговата ќерка Билјана. Таа Билјана опеана во песните, народните, која бели платно на изворите во Охрид.
Сфаќав, полека преку разговорот колку не е лесно и едноставно човек да зборува и да пишува за сопствениот и животот на луѓето во туѓина. Да те грее едно друго сонце, а не тоа твоетот, каде мајка те задоила.
Иван Трпоски човекот кој ја прошетал речиси цела Австралија работејќи на железницата бил сведок на многу приказни, судбини, настани.
Награда за почесен граѓанин на Општината Кентербери му додели градоначалникот Роберт Фуроло – Сиднеј 2010 година
Награда за културни и хуманитарни врски со татковината му додели градоначалникот на Охрид Александар Петрески – Охрид 2008 година
Голем дел од нив се дел од репортажите за прославите на македонските национални и верски празници, за пикниците и хуманитарните балови,за фудбалските клубови и натпревари за учењето на младите генерации на македонските ора и песни за клетвите на патриотите и желбите на вистинските Македонци од сите страни на Македонија кои молеле и молат македонското име и јазик да не згасне.
Со членовите на годинашното жири за најдобар расказ на конкурсот „Живко Чинго“ во Охрид – неговите колеги по перо Мирко Томовски, Смиле Наумоски- Брсјак и д-р Димитар Пандев
Иван зборува отворено за семејството, за неговото патешествие до Белград и по него. За заминувањето во Австралија, за снаоѓањето таму и сосема скромно за својот придонес во тамошното општество и неговиот волонтеризам.
На Хаваи 2008 г.
Со Иван разговорот во „Аквариус“ беше напати како песните на Васка, Бадев, Манчески, Томовска ,а некогаш ведар и интересен, преполн со емоции, анегдоти за животот овде и таму преку океанот. На сите мои прашања Иван одговори, останаа уште безброј не поставени – до нашата следна средба, овде или можеби таму. Нели, никогаш не вели не!
Преку аудиото и неколкуте фотографии ќе ви го доближиме – животот и светот на нашиот прв гостин за оваа сезона Иван Трпоски