Со режисерот Иво Трајков се видовме неколку дена откако помина медиумската бура по него и официјалниот почеток со работа на новосоздадениот и отворен Институт за филм во Охрид.
Интервјуто го направивме во една од предавалните на новата институција, која можеби во иднина ќе биде една од славните, кога од неа се надеваме дека ќе излезат нови – стручни филмски автори, режисери, сценаристи, директори на фотографија и ред друго.
-Се родив и растев во една држава која не постои, учев и работев во друга која не постои и сега сум на релацијата меѓу двете држави кои соработуваат, ни предочи Иво.
Долгата врвца која судбински му е предодредена на релацијата Македонија – Чешка и обратното почнавме да ја одмотуваме со прашањето – Зошто Трајков се смета за соло играч, автор и може ли да живее од тоа комотно?
За себе, Иво вели дека е мулти професионалец дека Филмската академија уште како студент му била втор дом. И дека сега каде што учел и го учеле, сега тој учи и ги учи младите да зборуваат со јазикот на филмот.
За Прага вели дека е град кој нормално од времето кога студирал до денес кога во него живее со семејството е променет . – Некогаш го имаше сивилото толку потребно за филмовите, а сега има многу реклами.
Зошто претпочита да се потпира да бара сценарија во литературата и дека не сака времето да го троши правејќи реклами кои се доходовни, но тој не бил од тој тип луѓе.
-Единствено од чисто патриотски побуди го направив спотот и рекламата за Македонските вина и за Македонија, како земја на виното. И толку во оваа област,ама затоа зад себе има долга листа на документарци,кратки филмови и неколку играни филмови.
Охридскиот зет Трајков, оженет за актерката Верица Недевска раскажува како судбински, како на филм се случило запознавањето меѓу нив, за совпаѓањето на некои постапки меѓу приватноста и службата, односно животот и уметноста.
Како улогата на Оливера во „Големата вода“ беше повод да се запознаат, па дури подоцна да се вљубат и пак плодот од нивната љубов ќерката Зана да им се роди на истиот датум кога беше премиерата на филмот. Втората необично – обична идентичност е славењето на нивната 10 годишнина со снимањето на ист таков јубилеј во бракот кој ќе донесе личен расплет – во филмот озаглавен како „Медена ноќ“ . Филм што ќе биде македонски претставник за влез во трката за „Оскар“.
Го прашавме што се смени во неговиот живот по стапувањето во брак . Нивната спојка меѓу актерка и режисер ја смета за некое клише кое за среќа како што ни рече трае.
Ни зборуваше за ритуалот барем раните утрински часови да им ги посвети на ќерката Зана и нејзиното носење во градинка ,а сега во училиште и за тоа како го засакал филмот и режирањето.
Зошто и како некаде во 1974 филм на Френцис Форд – Копола му ја обележал судбината? Како сам се снашол и заминал на ФАМУ , за системот на елиминација на студентските отсеци кои ги отфрлал , за потоа на крај да рече дека сака режија.
Трајков Иво
Филмографија:
- 2011 – „Проект – Берлин“ (долгометражен)
- 2009 – „Созерцание“ (долгометражен)
Фестивали:
Фестивал на македонски филм, Мелбурн, Австралија, 2010
Фестивал на европски филм, Букурешт, Романија, 2010
Меѓународен филмски Фестивал, Карлови Вари, Република Чешка, 2009
Фестивал „Финале Плзен“, Република Чешка, 2009
Светски Филмски Фестивал Монтреал, Канада, 2009
Скопски Филмски Фестивал, Македонија, 2009
Меѓународен Летен Филмски Фестивал ДУРЕС, Драч, Албанија, 2009
Фестивал на македонски филм, Њујорк, САД, 2009
- 2007- “Movie” (долгометражен)
Фестивали:
Меѓународен филмски фестивал, Сиетл, САД, 2008
Меѓународен филмски фестивал Карлови Вари, Република Чешка, 2008
Меѓународен филмски фестивал Финале Плзен, Република Чешка, 2008
Летна Филмска Школа, Република Чешка, 2008
Меѓународен филмски фестивал Тепличке Лето, Република Чешка, 2008
Меѓународен филмски фестивал, Мотовун, Хрватска, 2008
- 2004 – „Големата Вода“ (долгометражен)
Награди:
Златна Палма за најдобар филм – Филмски фестивал за медитерански филм, Валенсија, Шпанија, 2005
Најдобра режија (Иво Трајков) – Филмски фестивал за медитерански филм, Валенсија, Шпанија, 2005
Најдобра музика (Кирил Џајковски) – Филмски фестивал за медитерански филм, Валенсија, Шпанија, 2005
Најдобара фотографија (Суки Меденчевиќ) – Филмски фестивал за медитерански филм, Валенсија, Шпанија, 2005
Награда од публика – Филмски фестивал, Дубровник, Хрватска, 2005
Награда од публика – Меѓународен филмски фестивал “Black Sea”, Романија, 2005
Награда од жири – Филмски и ТВ Фестивал, Остров, Република Чешка
Награда од жири – Меѓународен филмски фестивал Филмак, Република Чешка
Фестивали:
Меѓународен филмски фестивал, Палм Спрингс, САД, 2005
Меѓународен филмски фестивал, Сао Паоло, Бразил, 2005
Меѓународен филмски фестивал, Кливленд, САД, 2005
Меѓународен филмски фестивал Ерусалим, Израел, 2005
Меѓународен филмски фестивал Прага – Фебио Фест, Чешка Република, 2005
Меѓународен филмски фестивал за Детски филм, Злин, Чешка Република, 2005
Летна Филмска Школа Ухерске Храдиште, Чешка Република, 2005
Меѓународен филмски фестивал Teпличке Лето, Република Чешка, 2005
Меѓународен филмски фестивал, Карлови Вари, Република Чешка, 2005
Меѓународен филмски фестивал, Финале Плзен, Република Чешка, 2005
Меѓународен филмски фестивал, Палм Бич, САД, 2005
Меѓународен филмски фестивал, Сиетл, САД, 2005
Меѓународен филмски фестивал Taos Talking Pictures, САД, 2005
Меѓународен филмски фестивал Банког, Тајланд, 2005
Меѓународен филмски фестивал, Скотсдејл, САД, 2005
Меѓународен филмски фестивал, Милвоки, САД, 2005
Меѓународен филмски фестивал, Њупорт Бич, САД, 2005
Меѓународен филмски фестивал, Монтеро, Франција, 2005
Меѓународен фестивал за филмска камера „Браќа Манаки“, Македонија, 2005
Меѓународен филмски фестивал Plus Camerimage, Полска, 2004
- 1998- „Минатото“ (долгометражен)
Награди:
Награда од жири – Меѓународен филмски фестивал Финале Пилзен, Република Чешка, 1999
Награда од публика за најдобра режија – Филмски фестивал, Таормина, Италија, 1999
Награда од жири – Меѓународен филмски фестивал Da Figueira Da Foz, Португалија, 1999
Награда од жири – Меѓународен филмски фестивал „Tout Ecran“, Женева, Швајцарија, 1999
Награда за најдобар нискбуџетен филм (под еден милион евра) – Меѓународен филмски фестивал Флагстаф, САД, 1999
Специјална награда за рејтинг 2 ѕвезди – Меѓународен фестивал за филм и видео, Канада, 1999
Фестивали:
Меѓународен филмски фестивал, Александрија, Египет
Меѓународен филмски фестивал Лидс, Велика Британија
Меѓународен филмски фестивал Сао Паоло, Бразил
Меѓународен филмски фестивал, Чикаго, САД
Меѓународен филмски фестивал, Котбус, Германија
Меѓународен филмски фестивал, Осло, Финска
Меѓународен филмски фестивал “Faces Of Love”, Москва, Русија
Меѓународен филмски фестивал, Монтевидео, Уругвај
Меѓународен филмски фестивал, Чичестер, Велика Британија
Меѓународен филмски форум Арсеналс, Рига, Летонија
Меѓународен филмски фестивал, Реџо Калабрија, Италија
- 1998-2002- „Необјаснети смртни случаи“ ( ТВ Документарна серија)
Награди:
Специјална награда за сценарио – FITES ( Film&TV Union), Прага, Република Чешка, 2001
Награда за најдобра документарна серија – Република Чешка, 1999/2000/2001
- 1996 – „Сведочењето на скриени сведоци“ (документарен)
- 1996 – „Како нормален брак“ (документарен)
- 1995 – „Банална Приказна“ & „Спачек според Спачек“ (две епизоди од серијата „Его“)
- 1993 – „Канарска врска“ (долгометражен)
- 1992 – „Јан“ (ТВ Филм)
Награди:
MFT CIRCOM, Шпанија
Најуспешна Комерцијална Програма на ТВ Чешка, Република Чешка, 1992
- 1992 – “Duo De Guitares” (експериментален музички)
- „Ајде да се исчисти“ (краткометражен)
Награди:
Награда од литературен фонд – Прага, Република Чешка
Фестивали:
Алпе Адриа Синема – Филмски фестивал, Трст, Италија
Извор: Агенција за филм на Република Македонија
За овие и ред други нешта што ги нема во најавава слушнете на линкот подолу од интервјуто со режисерот Иво Трајков :