• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
петок, октомври 23, 2026
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Мојот живот, мојот свет

„Мојот живот, мојот свет“: Јасна Митреска

мај 12, 2018
in Мојот живот, мојот свет
„Мојот живот, мојот свет“: Јасна Митреска

Точно по 14 години, ново интервју со д-р Јасна Митреска сопственичка на Приватната гинеколошка ординација ОНКОГИНЕКОМЕДИКА во Охрид.

 Првото интервју беше на едно друго место во Радио Охрид на 12 мај 2004 и ова второто на 12 мај 2018 во култниот „Аквариус“ . Ќе слушнете делови од првото интервју и се разбира сосема нов муабет преку кој ќе откриете дали се смениле ставовите за животот на нашата соговорничка. Дали приоритетите од пред 14 години и денес се по ист ред или сосема поинаку?

 

32372939 2124663137573932 3413120277163278336 n

Во Чикаго со синот Марко

Со клик на линкот подолу слушнете го интервјуто во целост. Со гинеколог – акушер д-р Јасна Митреска разговара Милчо Јованоски.

Што се промени во нејзиниот живот за близу една ипол деценија?

Отворено, релаксирано и опуштено д-р Митреска зборува за себе, за семејството,за синовите Јане и Марко за  работата а сега најомилена тема и е внуката Сара.

 32260840 2124456140927965 45575568720134144 n

Таа зборува за радоста после 4 машки ако се земат во предвид и двајцата внуци од нејзиниот брат , кончено женско во семејството. Секако, таа била првата, според природата на работата го дознала полот и вели тој миг немаше посреќна од мене.

 

32457925 2124454074261505 133275051398004736 n

Осмомартовски во Стразбур

-Пред 14 години на таа возраст мислев дека се’ можам,се’ сакам. Бев пресреќна полна со себе. Но во животот има подеми и падови така што се случуваат и работи кои ќе те слезат малку долу и ќе ти речат: – Еј, застани, чекај. И сето тоа можеби ме направи поцврста и повнимателна во секој поглед.

32222223 2124455117594734 442854043530821632 n

Во Њујорк

Јасна ни рече дека има моменти кога се враќа назад, дека постојат такви моменти за да се исконтролира самата себеси. На тој начин да се спореди и промени а има работи на коишто не сака да се сети,ама тие сами и’ излегуваат.

32260628 2124458714261041 7251580717656702976 n

Семејна фешта.  Нејзините и синовите на нејзиниот брат Драган во музички елемент.

-И нема бегање. Тогаш се подготвувам само да ми поминат низ глава и да ги пропуштам од едната на другата страна. Само нека поминат да не ме допрат. Не можеш да избегаш од минатото ама не мораш да го носиш како товар. Така созреваме и самото тоа на еден начин е терапија и лек, вели д-р Митреска.

32327059 2124457480927831 4782115436038717440 n

Во Нирнберг

 

Разговаравме за тоа што ја прави среќна, за мирот кој го наоѓа во домашниот зелен двор, за ретките патувања од само неколку денови годишно со одбрано женско друштво и за ланската посета на Чикаго градот во кој живее и работи нејзиниот помал син Марко.

32336857 2124459147594331 2817816451065315328 n 1

Семејниот двор за чие уредување е задолжена токму Јасна. 

Д-р Јасна останува на ставот дека може секаде да оди ама во Охрид да се врати. Заеднички си ветивме дека ќе се видиме во некое следно интервју, можеби во друг формат по 10 години.

32267057 2124458024261110 3589747796439203840 n

Сара со родителите на Јасна, Деса и Јован

Во новото интервју по 14 години подоцна нејзиниот музички избор е поинаков. Овој пат ги слушаме вечното момче Здравко Чолиќ, Каролина и Бјело Дугме. И да не ви откриваме се’. Слушнете.

Публицитет.мк

Посетеност: 542
Share
Previous Post

Премиерот Заев на отворање на х „Јуник“ во Охрид: Oва е потврда дека деловната клима се стабилизира

Next Post

Вестерн филмовите, особено со Гари Купер никогаш не излегуваат од мода

Next Post
Вестерн филмовите, особено со Гари Купер никогаш не излегуваат од мода

Вестерн филмовите, особено со Гари Купер никогаш не излегуваат од мода

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 542

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk