Некогаш младиот и надежен Јовица Каралиевски сега е познат композитор, аранжер а пишува и текстови и има куп награди кои стојат како сведоци на времето во неговото студио во кое продуцира музика, толку колку што му дозволуваат обврските.
Претпладне – професионално со шпедицијата, попладне со музиката која одамна му е повеќе од хоби.
Јовица со сoпругата Сашка
Со клик на линкот подoлу слушнете го интервјуто во целост
По 14 години повторно заедно пред микрофонот во разговор за аудио серијалот „Мојот живот, мојот свет“
Малку ретро повеќе ново…
Од детството кај баракине- Јовица и денес живее таму, едно до едно со братот Александар
Ако пред 14 години снимавме на плус 33 степени – новото интервју е снимено на степен два под нулата во секогаш пресретливиот „Аквариус“. Разговорот продолжи таму каде што некогаш застанавме.
Јовица со другарот од детството познатиот охридски ди џеј Никола – Тони на Бело лето
Што во меѓувреме му се случи на Јовица во животот? Кои се нештата кои му го обоија секојдневието?
Журките со другарите станаа семејни веселби и дружби и им се навраќаат кога можат и со убави поводи
Вели дека пушта животот да го води,ама секако по цели кои си ги има зацртано за еден мирен и спокоен живот.
Интервјуто донесува неколку искрени до коска одговори и неколку филозофски мисли на Јовица.
Да се потсетиме како беше некогаш
Музиката и работата во шпедицијата се две нешта кои го обележуваат неговото секојдневие. Патува до Струга и вели дека веќе навикнал. Го вкусил лебот од приватниот бизнис,( каде бил успешен) а сега како круна на неговата работа е ангажманот во светски познатата компанија Шенкер. Јовица е ангажиран од ФТУ – Охрид да предава практична настава на студентите кои се образуваат за идни цариници и шпедитери.
Јовица на сцената на Охрид фест – некаде по 2000 година . Фотката во својата архива ја пронајде фотографот Емил Јовановиќ – Јовица вели дека и тој има една фотка од Емил за кој тој не знае и чека миг да го изненади.
Спомени на детството, рок групите „Искри во ноќата “ уште како ученик во основно, па култната „Кожи дебели“’ како средношколец, наградени дури на некогаш популарниот Рок фестивал на “Екран’.Свирките по охридските кафулиња ама и низ Македонија со Ѓоко Танески, Жармена, Денис Мурат и со ред други музичари. Тој вели дека би сакал да му се повтори нешто од тие настапи , ама нема време за се.
Јана и Климент со тато и мама по еден успешен настап на распеаното рибарче
За разлика од првото интервју овој пат со цел список на изведувачи со кои соработувал, сигурно пак некого заборавил. Го сподели искуството од многуте снимања и учеството во Египет на Светски детски фестивал. Ни призна дека најубаво се чувствува кога сорабтоува и пишува за децата. Попатно споменувајќи го Охрид фест, Распеано рибарче, сорабтоката со Петар Нечоски и Енвер Рашити и куп други изведувачи од поп и фолк сцената.
Јовица 2008 во Египет на фестивал
И денес како некогаш со другарите, средбите на плажата Метропол,но не сами туку со некои нови клинци околу нив, а кај Макотекс навраќа само да се потсети на времето кое минало. Многу емоции забележани во гласот на Јовица кој успеа да ги стави во историјата снимачот на новинарот и водител Милчо Јованоски.
Јовица со родителите, братот, сопругите и децата
Кога ќе се собере и одземе доволно за живот на еден семеен човек – кому сопруга му е таа истата девојка Сашка, која му ги пеела демо снимките кои по непишано правило завршувале на фестивали. Децата Климент и Јана се нивниот микро космос…
Дел од тимот на распеано рибарче – последна заедничка фотка со покојниот Коле Петкуќески
-Тие и сопругата Сашка ми се главниот двигател и најголемата среќа и смислата на постоењето и животот, ќе рече Јовица. На неколку пати се враќаме во минатото со глас со прашања и се разбира одговори кои го дефинираат Јовица како личност.
Тимот кој победува: Петар Нечоски, Енвер Рашити и Јовица Карлиевски – лани при подготовката на заедничкото компилациско ЦД
Јовица Каралиевски е човекот од нашето соседство кој не се доживува како јавна, туку како обична личност, која како што ни рече знае и сака да ги негува пријателствата и дружењата, иако признава дека со некои од нив не се видел и дружел одмана, но затоа социјалните мрежи во ова лудо темпо од живот и нему му пополнуваат некои празнини, веројатно како на сите нам.
И роднини и другари и соработници на заедничка прошетка
Ги има и стандардните прашања сврзани со музиката слободното време, патувањата , миговите на среќа и тага
Автор и водител: Милчо Јованоски
Публицитет.мк