Прв гостин во аудио серијалот „Мојот живот, мојот свет“ во 2017 е младиот Кирил Атанасов од Охрид.
Поптписникот на овие редови првото интервју со Кирил го направи кога тој имаше само седум години,а беше емитувано на програмата на Радио Охрид под наслов „Кирил во светот на возрасните“ Новинарот Милчо Јованоски за интервјуто во таа 1998 година на Деновите на македонското радио ја доби првата награда во категоријата на радио интервјуа.
Со клик на линкот подолу слушнете го аудиото во целост. Со Кирил Атанасов разговара Милчо Јованоски:
Зборлестиот и снаодлив Кирил тогаш ги фасцинира сите и слушателите и жирито. Иамше одговор на секое новинарско прашање, одговарајќи чисто – детски без калкулации.
Во „Аквариус “со истиот тој Кирил 19 години подоцна
Кирил порасна во зрело момче кое студира Дефектологија на Филозофскиот факултет во Скопје,а веќе подолго време живее во близина на Вроцлав – Полска.
Што му се случуваше во животот, во меѓувреме? Зошто ја одбрал гимназијата наместо средното музичко. Раскажува за свирењето кларинет и членството во КУД „Отекс.
За волонтерството во Црвен крст , студиите, работењето во Полска во Дневен центар за лица со посебни потреби.
За тоа како заминал, како се снашол таму и што работи.
Заеднички се потсетивме на интервјуто од пред многу години, но Кирил зборуваше и за тоа што сака да му се случи во следните 19.
Емисијата содржи инсерти од првото интервју кои за жал се со послаб аудио квалитет , но разбирливи – доволни како илустрација.
Кирил за Надица и Ацо, неговите родители вели дека не само што му се родители туку и другари и дека се гордее што тие се такви.
За сестра му Славјанка која неодамна се омажи, за внукот кој што се родил и го направил горд и среќен како човек.
Кирил деновиве во Охрид ги доведе своите најблиски пријатели од Полска, да им ја покаже Македонија и својот роден Охрид по кого постојано чувствува носталгија, која ја лекува со песна.
Публицитет.мк