Првиот дел од втората сезона на аудио серијалот „Мојот живот, мојот свет“ заврши на 31 декември.
Почитувани читатели и слушатели во периодот од 16 септември до крајот на 2016 беа емитувани – објавени 16 интервјуа со личности кои според оценка на редакцијата го заслужуваат вниманието да бидат дел од серијалот.
Една од емисиите беше најслушаната и најчитаната, репризно со Хулија Хилми а интервјуто со Методија Бараковски – Менде одеше во два дела. „Мојот живот, мојот свет“ доживеа и интернационална димензија – лани во ноември со посредство на уредничката на македонската програма на СБС од Австралија Радица Бојковска емитуваме блок од интервјуа со некогашни и сегашни активисти и членови на МКУД „Илинден“ од Сиднеј – Австралија по повод 50 години од неговото постоење.
За потсетување во првиот дел од сезоната пред микрофотнот на „Публицитет.мк“ беа и: Иван Трпоски, Маја Оџаклиевска, Зоран Јордановски,Зоран Мартиновски, Коста Фортомар, Вера Главинчева, Видое Видически, Драган Спасески- Охридски, Славе Ѓорѓо Димоски, Димче Стојкоски – Лепи, Наташа Попоска – Карче и Гоце Џуклески.
Од 20 јануари па до средината на јуни ве чекаат нови животни приказни и нови интересни личности кои оставиле и остаавт траен белег во живеењето на Охрид, Струга и Македонија.
Уредник и водител на серијалот е Милчо Јованоски
Фото: Татјана Узуноска – Тренеска – „Галеби“ – Охрид 2017
Публицитет.мк