• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
четврток, јули 3, 2025
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Мојот живот, мојот свет

Мојот живот , мојот свет: Климент Матоски

април 7, 2021
in Мојот живот, мојот свет
Мојот живот , мојот свет: Климент Матоски

Во чест на 7 Април – Светскиот ден на здравствените работници ги репризираме двата дела од интервјуто со познатиот доктор – педијатар од Струга Климе Матоски. Двата дела се прв пат објавени во октомври 2019 година. 

Пред да се навратиме на сторијата од 2019 прочитајте што напиша д-р Матоски на својот фејсбук профил во пресрет на денов. 

ВРЕДИ ДА СЕ СЕТИМЕ
Се приближува СЕДМИ АПРИЛ – Денот на Здравствените Работници кон кои сите НИЕ и милијарди луѓе во целиот свет, со преплашен поглед сме свртени токму кон нив – МОЛЕЈЌИ ЗА СПАС НА ЗДРАВЈЕТО А ЧЕСТО И ЖИВОТОТ од светското зло “COVID 19” – , секако и со молба кон семоќниот БОГ НАШ, за истата желба и со истата молба,
На Осми Април 1977 година, токму во чест на овој ГОЛЕМ ДЕН, беше пуштен во употреба репрезентативниот наш “Хотел Инекс – Дрим”. Се случи невидено славје. Беа до едно место исполнети трите големи ресторантски сали со стотици гости. Богатата културно забавна програма, организирана од гигантот “ИНЕКС – БЕОГРАД ” , ја водеа легендарните Миќа Орловиќ и Драгутин Добричанин. За сето време од повеќе часови на славјето и текот на забавната програма со огромен број најпознати југословенски естрадни уметници, во живо беше пренесувана преку програмата и радио брановите на РАДИО БЕОГРАД. Од таа вечер останаа безброј прекрасни спомени. За мене и мојата сопруга остана да паметиме дека од специјална жири комисија бевме прогласени за НАЈДОБАР ТАНЧЕРСКИ ПАР. Години на ред потоа, токму за овој празник, лично бев организатор на таканаречена БЕЛА ВЕЧЕР. Таквите славја по повод денот на Здравствените Работници, ги организирав околу 15 години и на нив присаствуваа стотици и стотици здравственици и други гости.
Ја користам оваа прилика, овој пат СО ПОСЕБЕН РЕСПЕКТ И БЕСКРАЈНО ГОЛЕМА БЛАГОДАРНОСТ, да им го

честитам овој празник на луѓето, кои не случајно во изминативе месеци, повеќе од една година, во целиот свет се нарекуваат ХЕРОИ НА НАШЕВО ВРЕМЕ. Херои кои деноноќно бдеат над милиони болни од пандемискава болест, многу често стануваат и самите ЖРТВИ на истата. 
ЧЕСТ И БЛАГОДАРНОСТ НА СИТЕ ЗДРАВСТВЕНИ ХЕРОИ – Д -р Климент Матоски – Струга

 Во петтата сезона од серијалот „Мојот живот, мојот свет“ следи уште една интересна животна приказна која за среќа трае и секој ден е побогата. Интервјуто со примариус, д-р Климе Матоски од Струга го договаравме речиси две години и овој септември му дојде редот. 

 Тој е спонтан, едноставен а животната патека испрекршенa пред нас оди како на филмско платно. Матоски ни кажа своевидна историска, животна приказна, за себе како:  кувенџија, лекар, доктор на науки, хуманист, уметник, раскажувач, истражувач, човек вљубеник во луѓето особено во децата од целиот свет. 

Ќе чуете зошто не успеал да направи Родослов на семејството, за неговиот татко партизан, живата вистина за Владо Малески и тајната партизанска печатница во нивниот дом, за лекарските подвизи без многу апарати, ама со желба да му се помогне секому и неколку вистинити приказни од лекарската пракса кои се граничат со невозможното ама витинитото. 

Д-р Климе ни зборува за сопствената страст кон музиката, за средбата со Кочо Петровски и Ѓоко Ѓорѓиев , но и за низа други случки од живтот кои навидум ги прелетал ама оставиле траги врз него и искуството кое не му е товар, туку предност…

 klime i milcco

Со клик на линкот подолу, слушнете го во целост аудио интервјуто со д-р Климент Матоски од Струга . Со него, овој септември разговараше Милчо Јованоски

Primarius Doktor Scientiae Климент Н. Матоски, специјалист по педијатрија, е роден во Струга на 24 јули 1940 година, во занаетчиско семејство. Во родниот град го учи и завршува основното образование а паралелно со него и кувенџискиот занает, кој се пренесувал во фамилијата со генерации наназад. Класична гимназија завршува во Охрид а Медицински Факултет во Скопје. Со занаетот престанал да се бави со вработувањето како лекар во Медицинскиот Центар во Струга, после дипломирањето во учебната 1966/67 година.

2000 06 10 hotel drim struga prezentacija na proekt struga 1983 3

Во овој центар го поминува целокупниот свој работен век до пензионирањето, во 2005 година. Целокупниот свој живот им го посветил со љубов, на семејството, на своите и децата од целиот свет. Често сака да каже дека ако сите негови заложби помогнале да биде спасен макар само еден живот, ако биде подобрен квалитетот на живеење макар на само еден човек, уште ако притоа се работело за дете, тогаш смета дека успеал наавистина, смета дека вредело да се вложи и себе си и целиот негов работен век , ЗА ТАА ЦЕЛ. Оваа своја животна заложба, сесрдно ја пренесува на сите помлади генерации колеги.

2005 06 11 HOTEL BISER PROMOCIJA NA KNIGATA ZA VRODENI LUKSANTNI SOSTOJBI KAJ DECATA 7

Од самото вработување, постојано е на задачи во  “Службата за заштита и лекување на деца и ученици “. Повеќе од 25 години, секојдневно, лето и зима, ги посетува сите селски пунктови и подрачни амбуланти, сите триесетина села во некогашната струшка оштина, и тоа, што е преседан кај нас, ПОКРАЈ РЕДОВНАТА РАБОТА во Детскиот Диспанзер, Детското Одделение, Одделот за вакцинации или Детското советувалиште, кое сам го оформил и развил до степен да биде прогласено за најдобро организирано во Републиката и тоа многу години на ред. За нив, самиот вели дека му се “Втора љубов “. За тие 25 години вложени надвор од работното време, не добил никаква парична или друга надокнада од центарот. Работел своеволно.

DOKUMENTI BR 2 DIPLOMA ZA DOKTOR ZAVRSHEN MEDICINSKI FAKULTET

Два мандати од по 4 години е Началник на целата служба. Во пензија заминува завршувајќи го третиот мандат како раководител на сите оддели на Диспанзерот за деца и ученици.

Сепак, најомилениот дел во службата му е ДЕТСКОТО СОВЕТУВАЛИШТЕ, кое сам го оформи и организира уште во раната младост.

DOKTORAT STRUGA I PRIMANJE DOKTORSKA DIPLOMA REKTORAT SKOPJE 48

Во 1975 година ја заврши специјализацијата по педијатрија.

Во 1978 година се здобива со титулата ПРИМAРИУС.

2005 06 11 HOTEL BISER PROMOCIJA NA KNIGATA ZA VRODENI LUKSANTNI SOSTOJBI KAJ DECATA 12

Во 1988 година, пријавува Докторска Дисертација при универзитетите во Загреб, Белград и Ниш. Иако примена, одобрена и со веќе одредени ментори и рецензиона комисија, и термин за одбрана,  од трите универзитети, таа останува како готов неодбранет текст а поради познатите немили случувања од почетокот на деведесеттите години на минатиот век, што се случуваа на просторите на поранешната заедничка држава СФРЈ. Поради тоа, веќе во 1991 година, пријавува нова докторска дисертација (немало административна можност за веќе изработената), овој пат при Универзитетот “Свети Кирил и Методиј” во Скопје а при Катедрата по Педијатрија на Медицинскиот Факултет. Истата ја одбранува во декември 1995 година. Таа е насловена “Рахитисот во општина Струга, кај детската популација  – лонгитудинална студија за епидемиологијата, движењето, инциденцата и преваленцата на рахитисот во општината за периодот од 1983 до 1992 година “. Со тоа станува ПРВ ДОКТОР НА НАУКИ ОД ОБЛАСТА НА МЕДИЦИНАТА, и тоа не само за Струга ами на ниво на републиката, кога станува збор за доктори – педијатри, кои не се вработени во Медицинскиот факултет во Скопје.

dokumenti nagrada sveti naum ohridski napis vo vox medici

Има објавено преку 50 рецензирани научни трудови и соопштенија, како плод на перманентната долгогодишна научноистражувачка работа од областа на педијатријата а посебно и особено од превентивите дејности.

Во јуни 2005 година, ја издаде и на самиот ден на заминување во пензија, ја промовираше својата капитална монографија “ВРОДЕНИ ЛУКСАНТНИ СОСТОЈБИ НА КОЛКОВИТЕ КАЈ ДЕЦАТА ВО СТРУГА И СТРУШКО – ВО ПЕРИОДОТ 1975 – 2005 ГОДИНА “. Овој труд е своевидна евалуација на сознанијата за аномалијата  кај децата, стекнувана во период од повеќе од три децении. Овој труд е сеуште единствен од ваков вид во нашава земја, што ја обработува со сите детали таа проблематика и тоа од повеќе аспекти.

CRVEN KRST ZLATNA ZNACHKA ZLATEN MEDAL KRVODARITELSTVO

Повеќе години е член на Претседателството на Лекарското Друштво на Македонија, како и на редакциските и научните одбори на списанијата “Македонски медицински преглед “ од Скопје, и “Acta medica medianae “ од Ниш, Република Србија.  Активен е и постојан соработник и дописник на повеќе сродни асоцијации од поранешната СФРЈ.

Два мандати од по 4 години е Претседател на Лекарското Здржение од Струга.

Добитник е на повеќе признанија и награди од Лкераското Друштво на Македонија а во 1999 година и на највисокото, ЗЛАТНА ПЛАКЕТА.  Како круна на заслужените признанија, во 2001 година саниува ДОКТОР НА ГОДИНАТА ЗА МАКЕДОНИЈА, односно ја добива највисоката, најпрестижната  награда, што еднаш годишно на еден доктор од земјата, ја доделува Лекарсската Комора на Македонија. Тоа е највисоката награда “ СВЕТИ НАУМ ОГХРИДСКИ“ .

На конгресот на педијатрите од Македонија  со меѓународно учество, во Охрид во 2005 година, се здоби со, нему најдрагото признание, за НАЈДОБРО ОРГАНИЗИРАНО ДЕТСКО СОВЕТУВАЛИШТЕ ВО МАКЕДОНИЈА.

Неговите активности и заслуги имаат и општествени димензии.

Повеќе од 60 години е активист на Организацијата на Црвениот Крст на Македонија, во чии рамки бил на највисоки функции, како на општинско ниво, исто така на републичко рамниште. Особено е активен на полето на крводарителството и тоа на републичко и сојузно ниво. Самиот дарувал крв повеќе од 70 пати и е носител на многу признанија од тој домен, така да е носител на златна значка, медал, и повелба. Во неколку мандати бил член на Извршниот одбор на Републичкото Претседателство на Црвениот Крст на Македонија.  За сите активности има многу признанија, но кога самиот прославувал 60 години активност во оваа хумана организација а републикава 70 години од оформувањето на Црвениот Крст на Македонија, бил почестен со “ГОЛЕМАТА ЈУБИЛЕЈНА ЗНАЧКА НА ЦРВЕНИОТ КРСТ НА МАКЕДОНИЈА”.  

golema jubilejna znachka od crven krst 2015

Оваа награда го поттикна да ја напише и во 2016 година објави, монографијата “Како пораснав и остарев во Црвениот Крст на Македонија – моите 60 години во Црвениот Крст на Македонија” .

Како дологодишен доброволен крводарител, со личен пример, дејствува повеќе од 55 години. По потреба, без времегубење и колебање, во време од своите ноќни дежурства во Медицинскиот Центар, покрај регистрираните 70 крводарувања, уште многупати дарувал крв, сакајќи притоа, веднаш и итно, анонимно, да им помогне на сите на кои им била крвта од животно значење.  Таквите крводарувања воопшто не ги регистрирал.

nagrada sveti naum ohridski dokumenti 2

Покрај тоа, целосно бил вклучен во широките активности за ширење на крводарителската свест кај нашите луѓе, особено младите. Одржал неброено многу акции, предавања и вежби, демонстрации и слично, во многу училишта во градот и селата, во сите работни колективи и организации. Секако, во живо сеќавање ќе останат неговите многубројни авторски радио и телевизиски емисии, кои траеја со децении во локалните медиуми во Струга и Охрид, а на тема “Здравствено просветување “ и се разбира, “Крводарителство“.

Ете, заради тоа и уште многу друго, од страна на највисоките форуми на Организацијата на Црвениот Крст на Македонија и Југославија, има добиено многу признанија, награди и одличја.

Носител е и на Сојузна Повелба за Екологија. Добитник е и на Повелба за заслуги за децата, од страна на Српско Лекарско Друштво, “ Повеља за чинење добро деци“, повелба од страна на Претседателството на резервни воени старешини на Југославија, од Општинскиот и Републички Штаб за Цивилна Заштита и многу други.

Повеќе од 10 години бил клупски лекар на “Извидничкиот одред Крсте Јон – Струга “ и уште толку години на  “ Кајак – кану клубот Црн Дрим – Струга “.  За тоа има исто така, голем број одличја и признанија.

Еден е од оснивачите и неколку години Претседател на  општојугословенскиот прочуен ансамбл за староградски песни и танци, “ Распеани Стружани “ , со кој, заедно со својата сопруга Милка Матоска, покрај другото, снимиле и една “Long Play “  грамофонска плоча со 12 староградски струшки песни и танци. Овој ансамбл е познат и признат не само во Струга, Македонија и Југославија ами има настапувано во Виена, Дебрецен во Унгарија, во Франција и на тамошната телевизиска мрежа, Холандија, Полска и др. Доктор Матоски, повеќе од една деценија водел свои музички радио емисии на локалното “Радио Струга” – еднаш неделно водел сопствена едночасовна музичка емисија и едночасовна контактна емисија од својата стручна област. Исто така, долги години водел едночасовни емисии на охридската телевизија  “М”.  Уште од најраното детство се бави со фотографија. Многу години имал сопствена мала прирачна лабораторија за изработка на фотографии. Самиот вели дека музиката и фотографиите му се како втора, или кој знае која по ред љубов.

kniga klime

Неизмерно ја сака и почитува, чува, негува и унапредува работната и животна околина. Многу често престојува во природа и секогаш, ЗАД СЕБЕ ОСТАВА ОНАКА, КАКО ШТО САКА ДА НАЈДЕ ЗА СЕБЕ. Во таа насока, повеќе од 15 години бил Претседател на Месната заедница на викенд селото Горна Белица, на планината Јабланица крај Струга. За неа вели, исто така дека му е една од многуте љубови.

Очигледно, станува ззбор за човек со многу љубови.

“ Докторе. Што најмногу љубите ? “, го прашавме.

“ Се ‘, вели. Семејството, внучињата, децата од целиот свет, уметноста, природата, науката, луќето  “ – набројува докторот, незнаејќи притоа што попрво.

Во 2012 година објави, би рекле нешто што ќе остави длабоки траги во педијатриската наука кај нас.  Матерјалот од небранетата докторска дисертација во Загреб, проектот “СТРУГА 83 “, животното дело “ АСПЕКТИ КОН РАСТОТ И СЕВКУПНИОТ РАСТ И РАЗВОЈ, И ОПШТА ЗДРАВСТВЕНА СОСТОЈБА   НА ДЕЦАТА ОД СТРУГА И СТРУШКО, ЗА ПЕРИОД ОД 30 ГОДИНИ“ , го објави во книга на преку 800 страници. Промоцијата пред преполнетата голема сала на Дом на култура во Струга, беше празник за науката и Стружани.

klime dom na kultura

Во 2016 година, Стружани имаа уште еден ваков празник – промоција на делото на Др. Матоски, “КАЖУВАЊА НА ЕДЕН ДЕДО ДОКТОР “. 

Стружани со големо нетрпение ја очекуваат промоцијата на уште едно огромно дело на овој скромен човек – монографијата “СТРУГА ВО МОЈАТА ДУША – ПРОШЕТКА НИЗ СТРУГА ОД МОЈАТА МЛАДОСТ “ 

 Тој е спонтан, едноставен а животната патека испрекршенa пред нас оди како на филмско платно. Климент Матоски ни кажа своевидна историска, животна приказна, за себе како:  кувенџија, лекар, доктор на науки, хуманист, уметник, раскажувач, истражувач, човек вљубеник во луѓето особено во децата од целиот свет. 

Со д-р Матоски разговараше Милчо Јованоски

Разговорот во неговиот дом продолжи со моето прашање:Како наоѓавте време покрај професијата?

Матоски ни рече дека на тоа прашање нема одговор. Не знае ни сам како ама наоѓал , тоа му било во крвта. Вистинско хоби му е собирање и селекција на музика и друг аудио и видео материјал кое трае и до денешни дни. Тој ни раскажа за љубовта кон фотографирањето и за аудио снимките кои ги има. На пример:  говори од Тито цели  40 часа. Тој го чува видеото, со прославата од осамостојувањето на Македонија. Првите седници на македонското собрание, говорите на првиот македонски претседател по нејзината независност  Киро Глигоров, па дури и Васил Тупурковски во времето кога беше претседател на ССМ на Југославија.  

so tito

Во интервјуто поместуваме и негови сеќавања за библиотеката во Струга во чест на нејзиниот јубилеј 70 години од постоењето. Тој дел го снимивме од неговиот настап на свеченоста. Матоски зборува за гордоста на сопствената библиотека наследена од родителите и за неговиот однос кон книгите. Сподели и неколку анегдоти поврзани со тоа.

Матоски е човек со многу љубов во својата душа кому децата му се на пиедесталот.И секој негов труд го завршува со мислата „Да живеат сите деца на светот“. Цели 6 децении бил заедно со Црвениот крст на Македонија и еден од основачите на организацијата во Струга.

Ни кажа дека заедно со сопругата две децении биле дел од „Распеани стружани“ и кадрилото тие го спасиле од заборав како ансамбл. 

Зборувавме и за болницата „Систина“ за неговата активност на фејсбук и веб страницата pedijatar.mk на која неговите текстови се меѓу најчитаните. Ни кажа дека е дописен член и на  Национална географија.

Со многу емоции ни зборуваше за срушената куќа на Владо Малески во која за прв пат била отпеана македонската химна „Денес над Македонија се раѓа“, за иницијативата „Наша Струга“ создадена уште во раните осумдесетти…

Пред крај се отвори и ни откри за книгата која ја работи и е  со наслов „Струга во мојата душа“ која има 600 страници.

Ни призна дека важи за муабетчија, кој знае дека понекогаш претерува…

Но, се’ што кажа д-р Климент Матоски  вреди да се запомни бидејќи тера на размисла.

prevzedeni fotografii dedo mi risto kuvendzija

Дедо му Ристо кувенџијата од Струга

1961 10 16 dedo RISTO KUVENDZIJA izvadok od vesnik Nova Makedonija

Ристо, дедото на д-р Матоски, извадок од „Нова Македонија“

Примариус Доктор Сциентиае Климент Н. Матоски, специјалист по педијатрија, е роден во Струга на 24 јули 1940 година, во занаетчиско семејство. Во родниот град го учи и завршува основното образование а паралелно со него и кувенџискиот занает, кој се пренесувал во фамилијата со генерации наназад. Класична гимназија завршува во Охрид а Медицински Факултет во Скопје. Со занаетот престанал да се бави со вработувањето како лекар во Медицинскиот Центар во Струга, после дипломирањето во учебната 1966/67 година.

img010 6 1958 TATO KUVENDZIJA

Никола, таткото на д-р Матоски

Во овој центар го поминува целокупниот свој работен век до пензионирањето, во 2005 година. Целокупниот свој живот им го посветил со љубов, на семејството, на своите и децата од целиот свет. Често сака да каже дека ако сите негови заложби помогнале да биде спасен макар само еден живот, ако биде подобрен квалитетот на живеење макар на само еден човек, уште ако притоа се работело за дете, тогаш смета дека успеал наавистина, смета дека вредело да се вложи и себе си и целиот негов работен век , ЗА ТАА ЦЕЛ. Оваа своја животна заложба, сесрдно ја пренесува на сите помлади генерации колеги.

Од самото вработување, постојано е на задачи во “Службата за заштита и лекување на деца и ученици “. Повеќе од 25 години, секојдневно, лето и зима, ги посетува сите селски пунктови и подрачни амбуланти, сите триесетина села во некогашната струшка оштина, и тоа, што е преседан кај нас, ПОКРАЈ РЕДОВНАТА РАБОТА во Детскиот Диспанзер, Детското Одделение, Одделот за вакцинации или Детското советувалиште, кое сам го оформил и развил до степен да биде прогласено за најдобро организирано во Републиката и тоа многу години на ред. За нив, самиот вели дека му се “Втора љубов “. За тие 25 години вложени надвор од работното време, не добил никаква парична или друга надокнада од центарот. Работел своеволно.

DOKTORAT STRUGA I PRIMANJE DOKTORSKA DIPLOMA REKTORAT SKOPJE 4

Д-р Климент Матоски, 

Два мандати од по 4 години е Началник на целата служба. Во пензија заминува завршувајќи го третиот мандат како раководител на сите оддели на Диспанзерот за деца и ученици.

Сепак, најомилениот дел во службата му е ДЕТСКОТО СОВЕТУВАЛИШТЕ, кое сам го оформи и организира уште во раната младост.

Во 1975 година ја заврши специјализацијата по педијатрија.

Во 1978 година се здобива со титулата ПРИМAРИУС.

2005 06 11 HOTEL BISER PROMOCIJA NA KNIGATA ZA VRODENI LUKSANTNI SOSTOJBI KAJ DECATA 32

Во 1988 година, пријавува Докторска Дисертација при универзитетите во Загреб, Белград и Ниш. Иако примена, одобрена и со веќе одредени ментори и рецензиона комисија, и термин за одбрана,  од трите универзитети, таа останува како готов неодбранет текст а поради познатите немили случувања од почетокот на деведесеттите години на минатиот век, што се случуваа на просторите на поранешната заедничка држава СФРЈ. Поради тоа, веќе во 1991 година, пријавува нова докторска дисертација (немало административна можност за веќе изработената), овој пат при Универзитетот “Свети Кирил и Методиј” во Скопје а при Катедрата по Педијатрија на Медицинскиот Факултет. Истата ја одбранува во декември 1995 година. Таа е насловена “Рахитисот во општина Струга, кај детската популација  – лонгитудинална студија за епидемиологијата, движењето, инциденцата и преваленцата на рахитисот во општината за периодот од 1983 до 1992 година “. Со тоа станува ПРВ ДОКТОР НА НАУКИ ОД ОБЛАСТА НА МЕДИЦИНАТА, и тоа не само за Струга ами на ниво на републиката, кога станува збор за доктори – педијатри, кои не се вработени во Медицинскиот факултет во Скопје.

Има објавено преку 50 рецензирани научни трудови и соопштенија, како плод на перманентната долгогодишна научноистражувачка работа од областа на педијатријата а посебно и особено од превентивите дејности.

2015 03 23 SVECHENOST VO CRVEN KRST STRUGA PO POVOD 70 GODISHEN JUBILEJ NA CRVEN KRST NA MAKEDONIJA 1

Во јуни 2005 година, ја издаде и на самиот ден на заминување во пензија, ја промовираше својата капитална монографија “ВРОДЕНИ ЛУКСАНТНИ СОСТОЈБИ НА КОЛКОВИТЕ КАЈ ДЕЦАТА ВО СТРУГА И СТРУШКО – ВО ПЕРИОДОТ 1975 – 2005 ГОДИНА “. Овој труд е своевидна евалуација на сознанијата за аномалијата  кај децата, стекнувана во период од повеќе од три децении. Овој труд е сеуште единствен од ваков вид во нашава земја, што ја обработува со сите детали таа проблематика и тоа од повеќе аспекти.

 Повеќе години е член на Претседателството на Лекарското Друштво на Македонија, како и на редакциските и научните одбори на списанијата “Македонски медицински преглед “ од Скопје, и “Acta medica medianae “ од Ниш, Република Србија.  Активен е и постојан соработник и дописник на повеќе сродни асоцијации од поранешната СФРЈ.

Два мандати од по 4 години е Претседател на Лекарското Здржение од Струга.

Добитник е на повеќе признанија и награди од Лкераското Друштво на Македонија а во 1999 година и на највисокото, ЗЛАТНА ПЛАКЕТА.  Како круна на заслужените признанија, во 2001 година саниува ДОКТОР НА ГОДИНАТА ЗА МАКЕДОНИЈА, односно ја добива највисоката, најпрестижната  награда, што еднаш годишно на еден доктор од земјата, ја доделува Лекарсската Комора на Македонија. Тоа е највисоката награда “ СВЕТИ НАУМ ОХРИДСКИ“ .

2005 06 11 HOTEL BISER PROMOCIJA NA KNIGATA ZA VRODENI LUKSANTNI SOSTOJBI KAJ DECATA 22

На конгресот на педијатрите од Македонија  со меѓународно учество, во Охрид во 2005 година, се здоби со, нему најдрагото признание, за НАЈДОБРО ОРГАНИЗИРАНО ДЕТСКО СОВЕТУВАЛИШТЕ ВО МАКЕДОНИЈА.

Неговите активности и заслуги имаат и општествени димензии.

Повеќе од 60 години е активист на Организацијата на Црвениот Крст на Македонија, во чии рамки бил на највисоки функции, како на општинско ниво, исто така на републичко рамниште. Особено е активен на полето на крводарителството и тоа на републичко и сојузно ниво. Самиот дарувал крв повеќе од 70 пати и е носител на многу признанија од тој домен, така да е носител на златна значка, медал, и повелба. Во неколку мандати бил член на Извршниот одбор на Републичкото Претседателство на Црвениот Крст на Македонија.  За сите активности има многу признанија, но кога самиот прославувал 60 години активност во оваа хумана организација а републикава 70 години од оформувањето на Црвениот Крст на Македонија, бил почестен со “ГОЛЕМАТА ЈУБИЛЕЈНА ЗНАЧКА НА ЦРВЕНИОТ КРСТ НА МАКЕДОНИЈА”.  

NAGRADA SVETI NAUM OHRIDSKI DOKTOR NA GODINATA 2001 ZA REPUBLIKA MAKEDONIJA 4

Оваа награда го поттикна да ја напише и во 2016 година објави, монографијата “Како пораснав и остарев во Црвениот Крст на Македонија – моите 60 години во Црвениот Крст на Македонија” .

Како дологодишен доброволен крводарител, со личен пример, дејствува повеќе од 55 години. По потреба, без времегубење и колебање, во време од своите ноќни дежурства во Медицинскиот Центар, покрај регистрираните 70 крводарувања, уште многупати дарувал крв, сакајќи притоа, веднаш и итно, анонимно, да им помогне на сите на кои им била крвта од животно значење.  Таквите крводарувања воопшто не ги регистрирал.

Покрај тоа, целосно бил вклучен во широките активности за ширење на крводарителската свест кај нашите луѓе, особено младите. Одржал неброено многу акции, предавања и вежби, демонстрации и слично, во многу училишта во градот и селата, во сите работни колективи и организации. Секако, во живо сеќавање ќе останат неговите многубројни авторски радио и телевизиски емисии, кои траеја со децении во локалните медиуми во Струга и Охрид, а на тема “Здравствено просветување “ и се разбира, “Крводарителство“.

Ете, заради тоа и уште многу друго, од страна на највисоките форуми на Организацијата на Црвениот Крст на Македонија и Југославија, има добиено многу признанија, награди и одличја.

PROMOCIJA NA KNIGATA KAKO PORASNAV I OSTAREV VO CRVENIOT KRAST NA MAKEDONIJA STRUGA 2016 GODINA 1

Носител е и на Сојузна Повелба за Екологија. Добитник е и на Повелба за заслуги за децата, од страна на Српско Лекарско Друштво, “ Повеља за чинење добро деци“, повелба од страна на Претседателството на резервни воени старешини на Југославија, од Општинскиот и Републички Штаб за Цивилна Заштита и многу други.

Повеќе од 10 години бил клупски лекар на “Извидничкиот одред Крсте Јон – Струга “ и уште толку години на  “ Кајак – кану клубот Црн Дрим – Струга “.  За тоа има исто така, голем број одличја и признанија.

Еден е од оснивачите и неколку години Претседател на  општојугословенскиот прочуен ансамбл за староградски песни и танци, “ Распеани Стружани “ , со кој, заедно со својата сопруга Милка Матоска, покрај другото, снимиле и една “Long Play “  грамофонска плоча со 12 староградски струшки песни и танци. Овој ансамбл е познат и признат не само во Струга, Македонија и Југославија ами има настапувано во Виена, Дебрецен во Унгарија, во Франција и на тамошната телевизиска мрежа, Холандија, Полска и др. Доктор Матоски, повеќе од една деценија водел свои музички радио емисии на локалното “Радио Струга” – еднаш неделно водел сопствена едночасовна музичка емисија и едночасовна контактна емисија од својата стручна област. Исто така, долги години водел едночасовни емисии на охридската телевизија  “М”.  Уште од најраното детство се бави со фотографија. Многу години имал сопствена мала прирачна лабораторија за изработка на фотографии. Самиот вели дека музиката и фотографиите му се како втора, или кој знае која по ред љубов.

Неизмерно ја сака и почитува, чува, негува и унапредува работната и животна околина. Многу често престојува во природа и секогаш, ЗАД СЕБЕ ОСТАВА ОНАКА, КАКО ШТО САКА ДА НАЈДЕ ЗА СЕБЕ. Во таа насока, повеќе од 15 години бил Претседател на Месната заедница на викенд селото Горна Белица, на планината Јабланица крај Струга. За неа вели, исто така дека му е една од многуте љубови.

DOKUMENTI BR 2 37SRPSKO LEKARSTVO DRUSHTVO NISH

Очигледно, станува ззбор за човек со многу љубови.

“ Докторе. Што најмногу љубите ? “, го прашавме.

“ Се ‘, вели. Семејството, внучињата, децата од целиот свет, уметноста, природата, науката, луќето  “ – набројува докторот, незнаејќи притоа што попрво.

Во 2012 година објави, би рекле нешто што ќе остави длабоки траги во педијатриската наука кај нас.  Матерјалот од небранетата докторска дисертација во Загреб, проектот “СТРУГА 83 “, животното дело “ АСПЕКТИ КОН РАСТОТ И СЕВКУПНИОТ РАСТ И РАЗВОЈ, И ОПШТА ЗДРАВСТВЕНА СОСТОЈБА   НА ДЕЦАТА ОД СТРУГА И СТРУШКО, ЗА ПЕРИОД ОД 30 ГОДИНИ“ , го објави во книга на преку 800 страници. Промоцијата пред преполнетата голема сала на Дом на култура во Струга, беше празник за науката и Стружани.

Во 2016 година, Стружани имаа уште еден ваков празник – промоција на делото на Др. Матоски, “КАЖУВАЊА НА ЕДЕН ДЕДО ДОКТОР “. 

Стружани со големо нетрпение ја очекуваат промоцијата на уште едно огромно дело на овој скромен човек – монографијата “СТРУГА ВО МОЈАТА ДУША – ПРОШЕТКА НИЗ СТРУГА ОД МОЈАТА МЛАДОСТ “ . 

 Публицитет.мк 

Посетеност: 220
Share
Previous Post

Нови книги во Библиотеката – избор за сечиј вкус

Next Post

Нови 54 случаи со Ковид во Охрид

Next Post
Нови 54 случаи со Ковид во Охрид

Нови 54 случаи со Ковид во Охрид

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 220

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk