• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
недела, август 24, 2025
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Мојот живот, мојот свет

„Мојот живот, мојот свет“ Крсте Наумоски – Мечкар

ноември 4, 2017
in Мојот живот, мојот свет

Наш и Ваш гостин е Крсте Наумоски- Мечкар, поетот, хуманист и активист од Мелбурн, Австралија.

Крсте е роден на 2 април 1945 година во село Мислешево, Струга, а до заминувањето за Австралија живеел во селото Оровник, во близина на Охрид.

12249857 772740052854508 7871946694852267715 n

Тој е син на Науме и Митра Мечкароски. Во слава и почит кон погинатиот  татко кој бил борец во НОВ а кого Крсте не го запознал ( Наум починал само еден месец по неговото раѓање) го зел презимето Наумоски.

 

22278573 10210337886179247 1815285271 n

Крсте со сопругата Нада

Кликнете подолу за да го слушнете аудио интервјуто во целост. Со Крсте Наумоски – Мечкар разговара Милчо Јованоски

Новиот живот на новиот континент го започнува во Мелбурн работејќи како мијач на садови, во касапници, на градење патишта за по извесно време да почне да заработува од гравирање на стакло и кристал кое и денеска му е хоби.  Работел и работи и во првата професија- забен техничар.

20170907 141155

Од снимањето на интервјуто во Охрид

Кон крајот на седумдесеттите се враќа во Македонија. Сметал, со заработеното дека и во родниот крај ќе може да живее добро, но економската состојба која ја затекнал го натерала пак да ги наполни куферите и да се врати во неговата втора татковина, таму каде што и сега му се тројцата синови и внуците.

22290140 10210337857738536 1279447384 n

Кога внуците честитаат, задоволството е најголемо

По извесно време Крсте станува се’ поактивен во македонската заедница. Тој е еден од иницијаторите и основачите на охридското Социјално друштво „Св. Наум Охридски“. Во 1982 година, по ред успешни големи пикници во околината на Мелбурн тој и негови пријатели го создале друштвото.  Во ова аудио интервју,тој зборува токму за тие денови, првите акции и годините минати во служба на хуманоста.Неуморен бил и во организирањето на Деновите на македонската култура во Викторија. Присутен е во тамошните македонски неделници и на програмите на 3ZZZ и 3INR македонски радиостаници во Мелбурн.

so kralicata

Со кралицата Елизабета Втора, април 1988 г.

Македонската дијаспора го познава и како голем активист за правата на Македониците во Австралија. На негова иницијатива била формирана Федерацијата на македонските асоцијации во Викторија ФОМАВ, Илинденскиот фестивал и ред други настани од областа на фолклорот.   

krste so avstraliski politicari

Во 1988 средба со тогашниот премиер на Австралија Роберт Џејмс Ли

Го знаат за вешт  оратор, праведен човек, човек со посебна енергија и поглед на светот.

Според другите тој е маркантна личност во македонската заедница во Викторија – Австралија, чие име се изговара со почит поради сите негови достигнувања и вложувања за промоција и афирмација на Македонците во Австралија. Крсте вели: -Во последно време имаме таму многу фејсбук манекени – лидери,а во реалноста како да нема кој да не води. Целосна разединетост, таква е  нашата дијаспора, додава дека сонот е еден ама секој го сонува на свој начин и никако поинаку. Признава дека и Македонија не им помогнала тоа чувство да се премости. Тој јаз од поток се претвори во река , се шири, се изрази поетски Крсте, напоменувајќи дека и во црквите се чувствува разеденетоста.

1545591 10201502998912587 254299530 n

Со Душан Ристевски и Иван Трпоски од Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј

-За нас во дијаспората не треба да има партии- за нас партија треба да биде Македонија, вели Крсте. За него болка е и тоа што сите овие години не успеале да профилираат тамошен македонски политичар да стане пратеник во австралискиот парламент. Причина е раздорот помеѓу нив.

krste so violeta

На промоција со  Виолета Јовановска,  во тоа време уредничката и водител на македонската редакција на SBS

Зборувавме и за неговите две поетски збирки „Солзи. Клетви Надежи“ од 2003 и „Копнеж и Надеж“ – 2015 г. Песните во нив, всушност се рефлексија на очекувањата наспроти реалноста.

knigi krste

За онаа од песните „Проклета да е Австралија , ми ја запусти фамилијата“, вели дека сега нашинците ја пеат – ми ја збогати фамилијата. Кој дојде во Австралија назад не се врати…

so premierot na viktorija

Средба со премиерот на Викторија во 1989 г.

Во интервјуто Крсте Наумоски – Мечкар како на дланка ни го претставува неговиот живот и свет. Зборува за носталгијата што го мачи за ваму,а кога е овде го влече повторно, за таму каде што се неговите потомци.

krste 1

Интервјуто  е снимено во септември, годинава за време на посетата на неговиот роден крај.

krste 3

Во интервјуто од шеесетината негови текстови претворени во новокомпонирани песни слушнавме само неколку, а ни откри и зошто најомилена уште од дете му е песната за војводата Христо Узунов.

krste 4 copy

Автор и водител: Милчо Јованоски  

Публицитет.мк 

Посетеност: 107
Share
Previous Post

Монографија за петте децении од постоењето на КУД „Ѓердан“

Next Post

„Стујардеси“ од театарот „Комедија“ слетаа во Охрид

Next Post

„Стујардеси“ од театарот „Комедија“ слетаа во Охрид

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 107

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk