Лилјана Илиевска е родена во Скопје. Таму ги завршува основното и средното училиште. Професионалната кариера ја започнала како балерина во МН
По преселбата во Шведска цели 18 години е уредник и новинар во македонската редакција на државното радио во Шведска. Потоа се вработува во македонската амбасада во Шведска, за потоа да се врати во Скопје од каде што тргнала и професионалната кариера ја завршува со нејзината неуморна работа во промовирање на шведската култура како дел од амбасадата на Шведска во Македонија.
Со клик на линкот подолу слушнете го првбиот дел од интервјуто со Лилјана Илиевска . Разговорот го води Милчо Јованоски.
Пред да почнеме да ги буричкаме во нејзините сеќавања како слики од нејзиниот живот, Лилјана ми призна дека канцеларијата ми била одлично место и дека љубовта кон АКВАРИУС ни е заедничка и ја делиме.
Мошне пластично преку анегдоти ни кажа за своите корени и потекло . Ни зборуваше за својата љубопитност и дека од секогаш сакала да дознае и да види нешто повеќе- што се вели , што има таму зад ридот?
Ни рече дека многу рано по средната школа и нејзиното станување како дел од ансамблот на скопскиот балет во кој патем останала цели 8 сезони играјќи во мноштво балетски претстави во Скопје и странство можела економски самостојно да го прошета дел од светот.
Во првиот дел само ја загатнавме случката со летувањето во Тунис и заминувањето по љубениот кој подоцна и’ станува сопруг и преселбата во Шведска.
-Вљубен човек не размислува многу со ум , туку со срце. Се разбира таму за мене беше се ново. Ме чекаше нов почеток на животот, повторно образование, повторно докажување и етаблирање, ни рече Лилјана.
Ќе слушнете како првоодделенка не можела да ја изговори буквата Р, за детската љубов кон еден Љупчо и улогата на една Елена која ја носат во балетските води. Ни раскажува за детството минато во Скопје крај Вардар,за растењето во мултиетничка средина, за гените од обата родители која ја прават посебно горда, за животот во Шведска.
Сеќавајќи се за деновите од училиштето се сети на една добиена „педагошка шлаканица“од наставничката по физичко и на ред други случки.
Отворено разговаравме околу човекот и богатството да се познаваат јазиците и за тоа зошто нашите луѓе во светот се однесуваат светски а овде забораваат на тие манири. Трагавме по одговорот за индивидуалната и колективната одговорност.
Таа и покрај се’ што ни се случува вели дека сега во Македонија се живее подобро отколку во нејзиното детство и младост иако и сега е носталгична по тоа време.
Таа и денес не мирува постојано патува ги открива македонските убавини, планините, селата, реките, езерата. За долгите разговори со мештаните. Тажна е што малку внимаваме на природата и признава дека се срами кога странците ќе и забележат зошто е така овде кај нас?
Музичкиот избор во овој дел го сочинуваат : Кармина Бурана, Благуњо дејче , Твојте очи Лено, Битлси…
Ни призна дека сака да пее и дома и во кафеана. И ’ се чини дека цел живот пеела.
Во неделата на жената – таа зборува за својот поинаков поглед на женско – машките односи . Вреди да се слушне!
Лилјана имаше многу што да ни каже се разбира интересно и силно кажано од душа и затоа интервјуто ќе го слушате во два дела. Не беше можно нејзиниот богат приватен и професионален живот да се сместат во помалку од 90 минути.
Вториот дел од интервјуто слушајте го идниот петок.
Публицитет.мк