Лилјана Илиевска е родена во Скопје. Таму ги завршува основното и средното училиште. Професионалната кариера ја започнала како балерина во МНТ.
По преселбата цели 18 години е уредник и новинар во македонската редакција на државното радио во Шведска Потоа се вработува во македонската амбасада во Шведска, за по враќањето во Скопје професионалната кариера да ја заврши со неуморна работа во промовирање на шведската култура.
Лилјана со пријателката Бендета Томас од село Лунга Лунга во Кенија.
Вториот дел од разговорот со Лилјана започнува со нејзината преселба во Шведска во Стокхолм. Таа ни раскажува како се снашла во таа средина за сопругот Кент со кого не е веќе во брак( но е во пријателски релации) со кого имаат две прекрасни ќерки Кристина и Јаника кои се веќе омажени и имаат по едно дете. Тука зборуваме за фактот дека во Шведска е избегнато персирањето и дека со Вие им се обраќаат само на кралот и на кралицата. За традицијата сите да имаат по три имиња а нејзините ќерки по едно име ама и двете презимиња едно по таткото, а друго по неа.
На остров во Тихи Океан
Лилјана ни призна дека раното осамостојување не ја довело до културен шок, со оглед дека и пред бракот ја прошетала Европа. Странците во Шведска според неа донесле нешто ново, а како што вели таа убавината е во различноста. Носталгијата проработила во мигови кога наидувала на некој проблем. Пред да го научи шведскиот комуницирала со сите на англиски.
Помеѓу емитувањето на двата дела од интервјуто Лилјана беше во Швајцарија
-Кога си во заедница и кога другиот говори друг јазик, обожува други јадења… животот може да биде забавен. Љубовата може да продолжи цел живот, но и да престане, ни рече таа. Но за неа предизвик бил да открие нешто ново, да се развива и да научи. Лилјана не го сака зборот да наметнеш некому нешто. Во овој дел ни ја раскажа случката за нејзиниот сопруг кој ги сакал сармите ама секогаш ги барал во охридските ресторани среде лето… И нормално ги немало,а тој се чудел тогаш зошто се на менито.
Активна со младите пријатели од „Чист Охрид“
-Тој се’ уште доаѓа во Македонија иако не сме заедно а сме пријатели и јас исто одам често во Шведско и кај неговото семејство. Нас не врзуваат обете ќерки, вели Лилјана. Како што одеше разговорот стигнавме и до една прекрасна анегдота случена во Сплит која ја покажува разликата во темпераментот и менталитетот на луѓето од север и луѓето од Балканот.
Во седиштетото на Гугл во Сан Франциско
Откако ги чувме култните АББА и нивната „Победникот зема се’ “ се префрливме на нејзината работа во дипломатијата , односно работата во македонската амбасада во Шведска и во шведската амбасада во Скопје.
-Дипломатијата бара голема одговорност и не е се во бели ракавици како што се мисли. Одговорноста е голема работа кога се претставува една земја а сте во друга, ни вели Лилјана. На пример во Скопје таа работела во приемното одделение во шведската амбасада, на развој на културните врски и на прашања од областа на конзуларната дејност.
Во Струга на 9 мај – Денот на Европа
Ни кажа дека зад неа е бурен и интересен професионален живот и горда е што успеале македонската јавност и граѓаните да ги запознаат со шведската култура и уметност, помагајќи и спроведувајќи проекти со училишта и невладиниот сектор во многу области и посебно во човековите права. Како круна на дејствувањето од таа страна го смета проектот за чистење на Македонија од батерии.
Проекот БИДИ ЗЕЛЕН – БЕЗ СТАРИ БАТЕРИИ
Лилјана вели дека бројот на туристите од Шведска во Македонија секоја година расте и дека тие се воодушевени од убавината,ама ни забележуваат на нашата негрижа на природата и нејзиното загадување.
Ќерката Јаника за свдабата во Трпејца во трпејчка носија и во прегратка на сега покојната баба Ленка
За неа Трпејца е најомилената дестинација на охридското крајбрежје. Таму дури една од ќерките во ресторанот „Сирена“ кај Марјан ја правела свадбата а Лилјана и еден од своите родендени со заокружена бројка го славела на истото место. Музичкиот избор продолжи со тема од Дуке Бојаџиев во изведба на Каролина.
Промоција на шведската уметност на Охридско лето
Ни призна дека ужива во прошетките по планините особено сега на Галичица и дека жали што насекаде има отпад. Таа е дел од „Чист Охрид“ и заедно со младите девојки и момчиња спроведува акции. – Ме боли кога моите пријатели од странство ќе забележат дека е природата е прекрасна ама и загадена, тоа ме прави тажна , ни рече Лилјана. Таа не е за масовен туризам и вели дека треба ние како домаќини да ги смениме нашите навики и дека сегашните туристи сакаат активен а не пасивен одмор ко некогаш само сончање и капење.
Со ќерката Јаника на сурфање во САД
Ни кажа дека од честите прошетки низ Македонија ја засакала и музиката и песната на Македонците муслимани и по нејзин избор ја слушаме песната за љубовта меѓу Асан и Џула.
-Јас сум среќна, реализирана и исполнета жена. И пред се’ самостојна – тоа ми е од домашното воспитание.
Се префрливме на зетовите. Едниот е Американец а другиот Швеѓанец и тоа и ги отвори патиштата по месец два да скокне де на едната де на другата страна од светот и пак да се врати во Велгошти во нејзината градина во која љуби да копа да ја уредува и да гледа како растат и цветаат цвеќињата.
Во Куратица, Охрид
Мулитикултурноста се огледа во тоа како и на кој јазик комуницира со ќерките, зетовите и најмногу со внуката и внукот кои знаат македонски и го зборуваат. Продолживме со музика, со Адел.
Во последниот блок следеа прашањата за тоа дали среќава и денес сродни души, за детето во неа и ни рече: – Умираш во оној момент кога ќе престанеш да играш. Таа сонува да ја исчисти Македонија и да ги убеди луѓето дека отпадот не е отпад , туку дека е пари и дека треба да се рециклира. Завршивме со една зелена приказна од Велгошти и се потсетивме на сучењето губи во Варош и пак со Трпејца и химната за ова волшебно место.
Публицитет.мк