• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
сабота, август 23, 2025
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Мојот живот, мојот свет

Мојот живот, мојот свет: Марија Новак (1)

ноември 13, 2019
in Мојот живот, мојот свет

По многу договарања и најмалку три години барање заеднички термин,  ова лето актерката Марија Новак конечно пред микрофонот на Публицитет.мк во аудио серијалот „Мојот живот, мојот свет“.

 Таа е дел од драмскиот ансамбл на МНТ, работeла во Театарот за деца и младинци , па во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид и пак назад во Скопје во МНТ каде што и требало да се вработи веднаш по дипломирањето… Но тоа се приказни за вториот дел од интервјуто.   

marija 1

На крајот од јули среде летна жега Марија  и Милчо ( Јованоски,авторот на серијалот) разговараа во Трпејца за нејзиниот живот и нејзиниот свет.   Испаднаа два интересни дела. Првиот е пред Вас почитувани читатели и слушатели. Марија ќе ве насмее со својата искреност и отвореност , иако зад нејзината „заразна “ смеа се кријат многу откажувања, многу напор, труд и енергија.  

Со Марија Новак , разговара Милчо Јованоски

-Амбиентот во Трпејца е вистинска убавина. Среде лето во Трпејца да си гостин тоа е една исполнета желба. Пред две години првпат бев тука благодарение на манифестацијата „На зајдисонце “ и мојот ангажман со театарската работилница и претходно, Вечерта посветена на мојот актерски ангажаман. Тогаш заклучив дека само плажата во Љубаништа е единствено поубава од оваа овдешната на целата ривиера, вели Новак.

– Родена сум пред 50 години во Охрид. Живеев  Горна Порта а баба ми и дедо ми живееа до Св Софија покрај езеро. Се што може да се направи во вода сум го сторила,само од Кукуле и Канео не сум скокала. Не, никако тоа беше атракција за момчињата, додава Марија.

marija 2

– Ги гледав татко ми и стрико ми како пливаат и само од гледање ги научив сите стилови во пливањето…

Малу подзастана и  ме замоли дали можит да зборвит по охридски и јас и дозволив. Слушнете зошто не останала во Пливачкиот клуб иако тренерите Леко Радиќ и Кире Слатинец и предвидувале пливачка кариера. Таа на охридски а јас со неа на Ти. 

marija mala

Ништо не е исто после педесетката и’ велам. Таа ми рече дека одамна сфатила дека за некои работи не мора да се грижи. И дека не се бара од тебе да ги решиш сите проблеми на светот. И така се олабајв и без да стигнам до педесеттката.

teatar ohrid

Во претстава во Киноно 

Ја вративме во детството и трчањето и санкањето по Попарница ( ул. Илинденска ) цел Божји ден. За дружењата со сите деца од Варош, па до Кошишта и Имарет. Логично стана збор и за корените.  Се сети и на првата учителка во забаваче во ОУ „Св. Климент Охридски“, Драгица Точкова, па на Милена Аиноска  и на Марика Јовева. Признава дека најмногу и оделе предметите со уметностите. Новак вели: Знаев да пеам, ги памтев песните и ги пеев без ноти.Така од наставникот Вељан во основно експресно добила петка за цело школување.   

teatar gimnazija

Марија во претстава од Гимназија 

Спомените и ги вративме до играњето мал фудбал и она поубавото, пиењето боза и јадењето  индијанки во  слаткарницата од Дилавер  „Охрид“ на почетокот од старата чаршија.

bezgrizno kapenje

Не можевме да го прескокнеме и средното и запишувањето во Гимназија. Како ја засакала математиката откако почнала да и предава Марија Поповска.  Марија ни откри како се родила љубовта кон театарот и актерството.  За тоа како се случи заедно со другарката од средно Соња Јолеска да одат на Драмска во киноно и од прва да добие главна женска улога во „Милионерски Неапол“. Таа не ги заборави ни покојните за жал, Павел Најденоски и  Никола Димитроски .

 

marija zurka

Журка – маскембал

Детално ни го раскажа и првиот контакт со шегаџијата, актерот – аматер Кирил Јанески – Тетин кој тогаш и изгледал многу строг. Тоа што доаѓа од духовито, распеано семејство – чаламџии Ѓурчевци  што би рекле во Охрид , многу и помогнало на почетокот од занимавањето со актерството. Паралелно со драмската во киноно одела и во Гимназија во драмската кај покојниот Драган  Протуѓер. Ни раскажа дека растењето крај Света Софија и претставите на Охридско лето  во кои потполно уживала и „потонувала“ сигурно одиграле голема улога во подоцнежната желба ДА СЕ БИДЕ АКТЕР .

ekskurzija

На екскурзија низ Југославија во Купари 

Марија си ја отвори душата и после толку години ни кажа дека како завршена средношколка била директна и искрена во стилот: Што на ум то на друм.

so veslo

 

Слатко не насмеа со тоа како се запишала на Факултетот за драмски уметности, зашто првиот уписен рок скоро и да го промашила.

tapanar matura

Трета вечер од матурата 

Но и за тоа како еден непромислен гест создал тишина пред Комисијата на аудицијата, како што ни рече да ја сечеш со нож.  Таа и по толку време  и сега му се извинува на поетот и писател – тогаш директор на Домот на култура Видое Видически што  со дозвола, ама не промислено пренесла поздрав до член на Комисијата за прием на ФДУ. Вториот пат во септември беше се’ поинаку, откако ја подготвувал покојниот режисер Васил Ќортошев.

Вториот дел од интервјуто очекувајте го за 14 дена. 

Публицитет.мк 

Посетеност: 164
Share
Previous Post

Се интензивира Проектот- “Реконструкција на училишната зграда на ПУ с.Мешеишта “

Next Post

Во Охрид, конференција посветена на попречувањето на правдата

Next Post

Во Охрид, конференција посветена на попречувањето на правдата

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 164

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk