Изработката на познатиот и надалеку прочуен охридски бисер и натаму останува добро и строго чувана тајна на само две охридски семејства Филеви и Талеви.
Михајло е четвртата генерација во семејството Филеви кој не само што ја наследил тајната за изработка на охридскиот бисер, туку и ја продолжува старата семејна традиција.
Со клик на линкот подолу слушнете го во целост интервјуто со Михајло Филев
Интервјуто МОЈОТ ЖИВОТ , МОЈОТ СВЕТ од еден друг поинаков агол го доближува Михајло Филев. Преку него јавноста ќе дознае многу нови поединости за него и неговото семејство. Зборувавме за корените и пишаната историја на Филевци, наназад цели 350 години . Нивниот прародител Јован Фило потекнувал од Јанина и војувал против Али паша Јанински и во тој период семејството пребегнува преку Гревена и Битола дошле до Моско Поле а пота неговиот син Стефан дошол во Охрид и така се разгранила нивната лоза тука. Чудни се патиштата на Филевци. Потомци од ова старо охридско семејство денес живеат во Америка, Австралија, Русија и Украина, во Бугарија ама и во Струмица и Гевгелија. Михахјло се носи со идејата наскоро да ги собере сите свои роднини во Охрид. Во интервјуто зборуваме и за неговата прабаба Хермина Раизингер таа се омажила за неговиот прадедо Никола кој пребегал поради неприликите од Охрид во Австрија. По десет години минати таму , тој и Хермина се вратиле и живееле во Македонија. На светот постојат само добри и лоши луѓе и вистинска историја. И боговите молчат пред вистината , вели Михајло. Тој збор по збор ни ја откри и анегдотата со неговиот дедо и средбата во Пловдив со Цар Борис и аберот од Хитлер дека е точно дека прабаба му Хермина била негова сокласничка.
Петте браќа и една сестра Филеви. Тука се: Никола ( прв лево ), Марко, Јосиф, Петар и Климе и Фросина
Уште еднаш се навративме на тоа како тајната за изработка на бисерите дошла во Охрид. Кој е всушност Јово Субановиќ и зошто токму ним им ја открил тајната за изработка на бисерите?! Тоа во Охрид датира од 1924 година, а во Русија на Бајкалското Езеро традиција е стара 700 години. Михјало многу отворено и со емоции зборуваше за родителите, детството, другарите, првата симпатија Фросина,која денеска како што вели му е како сестра.
Хермина Раизингер, лево, дедо ми Михајло, баба ми Славјанка и татко ми Никола – 1951 г
Ни раскажа дека како единец имал голема подршка од мајка му која го завикала Мишо и така сега најчесто го викаат сите и за татко му познатиот педијатар Никола кој му рекол дека занаетот го чека и не му бега, ама дека мора да учи и да стане свој човек. Тој го послушал и како дипломиран менаџер по туризам, токму го направил вистинскиот спој за промоција на Охрид и бисерите.
Михајло – фудбалер
Слушнете како Мишо уште од пет години сакал да се ожени со учителката ама за тоа морало татко му да го праша. Сам ни призна дека во детството бил многу заљублива природа и имал многу симпатии и платонски љубови. Исто така, дека е многу емотивен и признава дека често многу нешта можат да го расплачат и дека не се срами од тоа. Паралелно со ова ни раскажа дека како средношколец играл и фудбал и зошто го откажал.
Татко ми Никола со родителите во 1970 Јас и татко ми Никола
Ни призна дека ги сака кафеаните и дека љуби да пее и дека ја обожува старата охридска кујна. Со многу емоции ни раскажа како на матурската вечер се родила љубовта со неговата сопруга Мирјана Филева ( Петанова). Горд е на семејството и на тоа што Мирјана прифатила да работи заедно со него со бисерите и во дуќаните. Имаат две ќерки Мина и Ирма и отворено ни кажа дека би сакала да има уште деца ако даде Бог.
Семејно со жена ми, татко ми и мајка ми Василикија На отворањето на привиот дуќан Антица во 2002
Ексклузивно за Публицитет. мк Филев откри дека наскоро ќе биде промовирана монографијата посветена на изработката на охридскиот бисер и семејствата Филеви и Талеви. Истовремено ни кажа дека летово ќе се снима документарец за бисерите кој од септември ќе се прикажува на сателитскиот канал Дискавери, а и тоа дека пред крај е со идејата бисерите да светкаат со помош на фосфорот во нивната изработка. Но да не откриваме се… Интервјуто изобилува и со одличен избор на музика од нивната домашна химна – песната Бог да бие Русе до Виенскиот валцер, Каролина, и Дјуран , Дјуран групата која Михајло ја слушал како средношколец и во тоа време уживал во дискотеката парк кој за него изгледала како вселенски брод…
Ќерките Мина и Ирма Со сопругата Мирјана
Има и еден куриозитет во ова интервју. Авторот на серијалот МОЈОТ ЖИВОТ, МОЈОТ СВЕТ Милчо Јованоски е тој кој уште во мај 1989 година го направил првото интервју со Михајло или Мишо како што го викаат најблиските.
Михајло со сопругата и вработените во новиот дуќан
Михајло тогаш имал само седум години и не се разделувалод баба му Славјанка и пред микрофонот одлучно кажал дека кога ќе порасне ќе го наследи занаетот од дедо му. И навистина, така е…
Публицитет.мк