• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
сабота, август 23, 2025
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Мојот живот, мојот свет

„Мојот живот, мојот свет“ – Милан Ѓурчинов

февруари 26, 2016
in Мојот живот, мојот свет

 

Академик Милан Ѓурчинов го сметаат за еден од најобразованите луѓе во Македонија – интелектуалец во вистинската смисла на зборот.

Тој е познат литературен критичар и теоретичар и основач на катедрата за Светска  книжевност на Филолошкиот факултет во Скопје. 

Во интервјуто – кое премиерно излегува во јавност  а беше дел од проектот Роднокрајни литературни критичари реализиран во 2012 преку НУ Библиотека „Григор Прличев“ д-р Ѓурчинов зборува за поврзаноста со поетот Ацо Караманов, за влијанието на Достоевски и Чехов врз него. Д- р Ѓурчинов се осврнува и на местото на македонската литература во светот и на сопствените ангажмани и постигнувања. 

Разговараше: Милчо Јованоски 

 

Тој е роден е во Белград 1928 но како што вели во разговорот интимно е  врзан за ова македонско поднебје и посебно за Охрид.

По татко потекнува од селото Јабланица, а мајка му е од познатото охридско семејство  Мизови.

kuka gurcinov

-Дедо ми по татко беше каменорезец, а татко ми како бистро планинско дете завршува на Сорбона  во Париз, таму се нашол на свои 17 години и се вратил во Македонија како прв инженер .

По мајка сум сто процентен охриѓанец. Татко и’ Ристо Ставрески – Мизо бил вистински полиглот и тој и баба ми Анастасија биле педагози.

01 MILAN GURCINOV 01

Во Охрид го минав најраното детство во куќата која и денес постои до хотелот  „Ривиера“. Потоа се преселивме во Скопје . Од први до осми клас гимназија немав ниту една четворка, се’ ми беа петки , освен на полугодие фискултура, која накрај ми ја поправаа.

Татко ми живеан во Франција, земја на аристократите беше демократски настроен човек и во себе ја носеше француската традиција.Бидејќи беше приватен инженер кога стигна светската криза од високо , паднавме долу. Татко ми мораше да прифати обична чиновничка служба и започна нашето патешествие кое за мене значење честа промена на местото на живеење и учење. Почнав во Скопје, продолжив во Ниш , па во Белград.

01 MILAN GURCINOV 02

Таму умира мајка ми Даринка и живот ни стана уште потежок, раскажува д-р Ѓурчинов.

-Никогаш не помислував дека ќе се занимавам со литература На 12 години мислев како да станам пилот или главна моја опсесија беше да бидам пијанист во некој бар и со музика да ги занимавам гостите. Свирев пијано. Но средбата со две години постариот од мене другар Ацо Караманов ми ги смени погледите.

01 MILAN GURCINOV 04

Соиред Ѓурчинов, Караманов бил најдаровитиот македонски писател, поетски гениј и млад борец.

-Караманов ме зарази со литература и се обидов и јас да станам поет, да пишувам. Караманов ми ги откри Мајаковски и Виктор Иго а јас сонувавм да станам голем автор како Чехов. Минував денови во потпокривот на таванот и ги напишав првите 10 раскази кои од сегашне аспект , аи тогаш немаа некои вредности , бидејки Караманов откако ги прегледа ми упати сериозна критика. Јас престанав да пишувам , но станав истражувач.

Караманов загина во војната и јас останав без својот најдобра другар и соработник од светот на литературата, вели Ѓурчинов. Ни раскажа за своите чудни средби преку книгите со Максим Горки или Пушкин.  Си личел на Раскољников од Достоевски …

Во Скопје имал литературен средношколски литературен кружок „Црвените моливи“

Она што му останало од детството и младоста подоцна на многу чуден и можеби логичен начин и му се повторило.

01 MILAN GURCINOV 05

Запишувањето на Филолошкиот во Скопје не му ги задоволува амбициите и желбата да се запише на светска книжевност насока за која се отворала катедра во Белград, го носат таму. Но финансиите на Факултетот биле мали и групата е затворена а тој не сакајќи да се врати како поразен запишал славистика и руски јазиик.

По завршувањето на студиите Ѓурчинов ја напишал првата книга за Достоевски во Македонија.

Натаму е речиси се е познато.

Ѓурчинов зборува за влегувањето во МАНУ на предлог на големиот Блаже Конески.

 Слушнете го интервјуто кое ќе ви ја потврди тезата за Ѓурчинов како висок интелектуалец кој зборува со смирен, благ тон и доста пластично раскажување за себе за сега веќе покојната негова сопруга, која му беше колешка- професор на факултет како и за патот на синот и ќерката и внуците.  

 

 Милан Ѓурчинов е доктор по филолошки науки. Бил професор на Филолошкиот факултет во Скопје, бил шеф на катедрата за славистика и покренувач и раководител на катедрата за компаративна книжевност. Бил член на редакцијата на списанието „Разгледи“. Бил претседател на Советот на Струшките вечери на поезијата. Член е наМакедонската академија на науките и уметностите од 1988 година[1]. Член е на Друштвото на писателите на Македонија од1956 година. Бил и претседател на Друштвото на писателите на Македонија. Член е и на Македонскиот ПЕН центар.

Автор е на книгите:

  • Време и израз (1956),
  • Присутности (1963),
  • Македонски писатели (1969),
  • Живо и мртво (1974),
  • Критички сведоштва (1976),
  • Достоевски (1981),
  • Современа македонска книжевност (1984),
  • Проникнувања (1986),
  • Пастернак (1987),
  • Марксизам творештво вредности (1988),
  • Пред прагот на иднината (1991),
  • Заговорници на човечноста (1992),
  • Нова македонска книжевност (1996),
  • Сребрени соништа – Ацо Караманов (1997),
  • Компаративни студии (1998),
  • Освојување на реалноста (2000).

Составувач е на антологии на македонската проза и поезија на италијански, француски, српски, турски и други јазици. Добитник е на наградите: „11 Октомври“, „Димитар Митрев“, „Златен прстен“.

Публицитет.мк 

 

Посетеност: 139
Share
Previous Post

Со лед рефлектори во ОУ Св.Климент Охридски“ во Охрид ќе се штеди струја

Next Post

Од историјата на Оскарите (5)

Next Post

Од историјата на Оскарите (5)

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 139

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk