• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
понеделник, јуни 30, 2025
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Мојот живот, мојот свет

„Мојот живот, мојот свет“: Митко Јованоски – најслушно и најчитано интервју од третата сезона

октомври 29, 2018
in Мојот живот, мојот свет
„Мојот живот, мојот свет“: Митко Јованоски – најслушно и најчитано интервју од третата сезона

Во култниот „Аквариус“ во омилената канцеларија на „Публицитет.мк“ новинарот и водител Милчо Јованоски вчера забележа уште една реална животна приказна.

Точно денеска на 17 март Денот на крводарителството ќе го слушнете и прочитате интервјуто со еден од годинашните добитниците на признание од Црвениот крст – Охрид  по повод хуманоста и дарувањето крв ни помалку ни повеќе туку 50 пати досега.

Со клик на линкот подолу – слушнете го аудио интервјуто во целост.

1 3

Митко Јованоски роден е во Охрид во 1974 година . Татко му и мајка му се по потекло од Дебрца а детството и младоста ги минува во Сурџун маала на улицата „Охридски бригади“ 

2 copy copy copy copy copy copy

Ова е Митко.Тој е второто дете во семејството . Има двајца браќа. Ни кажа дека и тие сега се крводарители исто како и нивниот покоен татко

Митко Јованоски раскажува за своето детство, за завршувањето текстилно за своето патешествие низ животот, работата во текстилна фирма и печатница, за цртањето како хоби за тетовирањето како професија од која веќе 10 години преку своето студио заработува за живот а уште од 1991 започнува да ги открива тајните на оваа уметност. 

4 copy

 Младост – лудост

Со  Митко разговаравме и за неговото семејство, за бракот со неговата Весна и двегодишната  ќерка Софија која разбирливо сега е нивниот центар на светот. 

hevi metalci so Srbo i Cemla jas vo sredina

Со хеви метал другарите Србо и Цемла, Митко во средината . Тоа е периодот на средна школа од кога датира овој негов фазон и стил на живот се’ до денес.

maskembal so Gebo i Cemla jas vo sredina

Од времето на маскембалите со другарите Гебо и Цемла

na maturska vecer

На матурска вечер

vo studio

Митко најчесто е на своето работно место во студиото лоцирано во непосредна близина на градскиот плоштад во Охрид. Ни кажа дека е искрен кон клиентите и искрено постапува кон нив и очигледно затоа е и баран и многу од нив пак доаѓаат кај него.

edna od nagradite za najdobra tetovaza

Една од многуте награди за тетоважа.  Вели дека добро му оди и дека не од оние кои се жалат. Сака да живее скромно и ситините нешта го прават среќен.

 na tattoo konvencija

На TATTO конвенција

Има дел за нуркањето за ситните радости и таги за надежите и очекувањата.

granata

Митко е дел од охридскиот тим за деминирање под вода кој е дел од ЦУК

Зборувавме за неговата страст кон хеви метал музиката, која најчесто се слуша во неговото студио и дека свиркањето му и еден вид ритуал додека тетовира.

dedo mraz pod voda

Митко – Дедо Мраз под вода

so Sofija i Vesna

Митко и  Весна со Софија нивниот центар на светот

soprugata Vesna so noviot coper 1

Желбата од младоста да се има мотор Митко конечно си ја исполнил. На фотката е Весна неговата сопруга која 15 години е негова муза и инспирација за се’ што прави и постигнува во животот. Заедно мечтаат наскоро со моторот да заминат на некоја подалечна дестринација.

Ова  е животот и светот на Митко Јованоски – хуманиот човек кој досега дарувал 20 литри крв од неговата Нулта позитив и вели дека ќе дарува се’ додека може…

Публицитет.мк 

Посетеност: 99
Share
Previous Post

Јас не знам ништо подобро , посложено поинтересно од човекот – Горки

Next Post

Охриѓани ќе го добијат обештетувањето од штетите од ланските земјотреси

Next Post
Охриѓани ќе го добијат обештетувањето од штетите од ланските земјотреси

Охриѓани ќе го добијат обештетувањето од штетите од ланските земјотреси

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 99

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk