Наша и Ваша гостинка почитувани посетители на „Публицитет.мк “ е стоматологот Наташа Попоска – Карче од Охрид.
Наташа уште на почетокот ни рече дека до нејзиното име можат да стојат многу придавки ние би рекле епитети и особини кои ги поседува: ведра, насмеана, упорна, емотивна…
– Верувам во физичко докажување на нашиот Универзум, а тоа се постигнува само со акција… Всушност не кажувај- покажувај, не зборувај – делувај…, вели таа.
Со Наташа Попоска – Карче разговара Милчо Јованоски. Со клик на линкот слушнете го во целост интервјуто
По позитивната и малечка трема, следеше вистинската Наташа, каква што ја знаат сите нејзини блиски, пријатели, другарки.Таква каква што ни кажаа дека е. Наташа ни раскажуваше за своето детство на пресекот кај Болниците, за правливите улици во Горна Влашка Mаала за бесконечните игри со другарите од улицата и предодреденоста да биде лидер или како што ни рече дека тогаш ја викале Џандар.
За нејзината учителка Лена Дојчиноска во „Христо Узунов“ и дeнеска има прекрасни зборови: – Почитта кон неа си стои за навиките кои ни ги создаде за строгоста која не натера да станеме подбри деца, луѓе, вели Попоска- Карче.
Безгрижно детство
Од тоа време, таа се потсети и на наставниците по музичко Вера Булоска и математика Трајче Крстески и неговата мисла дека за секој проблем има решение. Наташа ни кажа дека со некои од наставниците и професорите од основно и средно и денес контактира и се нејзини пациенти во ординацијата. Тука се анегдотите како буквите Д и Ј биле знак како да распознаат кога се работи за две Наташи и тоа обете Попоски во исто одделение. За нивното ривалство и дружба. Нескротливиот темперамент, особина која и денес и стои, тогаш ја носи Наташа во речиси сите училишни секции, играорна и во ракометот кој и денес е нејзина голема љубов…
Пак по многу години се пронајде со своите некогашни девојки од тимот и вежбаат еднаш неделно ракомет, а по него имаат „тренинг на јазикот“. Прекрасно ни е вели – уживаме во дружбата.
Пред да запише Гимназија и смер био-техника таа уште како дете се гледала себеси во бел мантил како докторка ама педијатар. Дури и на таа тема пишувала состави.
Од гимназиските денови – кога требаше само да се учи и да граби од младоста што повеќе
Ни сама не знаеше да каже како од пред неколку години се пробудила нејзината страст кон сликањето и желбата да го облагородува сликарското платно. Наташа само ни рече дека првата позначајна поддршка по најблиските и’ ја дал д-р Драган Спасески – Охридски. Таа кога е во прашање сликањето е во дослух со него. Тој и дал верба да продолжи а досегашна круна е нејзината прва самостојна изложба одржана на 7 август – на нејзиниот роденден, отворена во „Аквраиус“. Таа е благодарна што Буде и Мише и’ дозволиле токму кај нив да ги прикаже своите платна озаглавени како ЧЕТИРИ ГОДИШНИ ВРЕМИЊА. Меланхоличниот сликарски ракопис, всушност ја разоткрива нејзината душа…
Факултет и разиграна младост
Попатно зборувавме за семејството, нејзината ѕвезда водилка синот Лука, за тоа дека сака да го научи да биде космополит, за драгите луѓе околу неа, студиите започнати во Софија, завршени во Скопје. За менаџирањето на ординацијата која ја дели со братот Лазар и маркетот наследство од татко и’ кој е уште е покрај нив, а тие го продолжуваат бизнисот.
-Многу работи ги правам со срце и животот е составен од моменти, ни рече Наташа.
Професија и задоволство
Наташа на свој начин зборува за страста кон патувањата, откривањето на нови места и луѓе. Таа желба за патување призна дека и’ ја всадиле мајка и’ и татко и’.
-Светот е како книга и не сакам да останам на една иста страница. Оттука нејзината страст да шета по светот и да запознава многу култури, за да и’ е убаво на душата. На самиот крај ни призна зошто ја сака на пример песната „Бестрага“ од Нокаут …
Наташа има своја листа на места кои сонува да ги посети. Така ги сложува коцките и најверојатно нејзино идно патешествие ќе биде Мароко.
Enigma
Слушнете за детето во неа и споредбата со Петар Пан кој никако не сакал да порасне.
One moment in the time
Зошто тагувала кога решила да го продаде стариот автомобил, кои се песните кои и лежат на душата. Сака да слуша и да пее, иако блиските и велат дека не е баш родена за песнопоец.
Want and Desire
Интересни се нејзините одговори на стандардни прашања за среќата и тагата, дали и колку сака музика и што би сакала да ни каже на пример на следната средба по пет години.
Наташа тврди дека само со разговор и со искреност може да се успее во животот.
Autmn
Има уште многу- слушнете го аудиото и откријте која е всушност Наташа Попоска – Карче.
Водител: Милчо Јованоски, Публицитет.мк