• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
понеделник, август 18, 2025
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Мојот живот, мојот свет

„Мојот живот, мојот свет“: Наум Петрески

април 21, 2017
in Мојот живот, мојот свет

Наум Петрески и по активни три децении е грло ненапеано.

Во аудио интервјуто за Публицитет.мк ден пред славеничкиот концерт во Скопје вели: – Кога си ја почнал, не смееш кариерата да ја оставиш на случајност.

Сиве овие години медиумите во Македонија повеќе или помалку се занимавале со неговиот музички пат до ѕвездите, речиси го следеле во чекор и во жолтиот печат не би одбегнат.

 Со клик на линкот подолу слушнете го интервјуто со Наум Петрески. Со него разговараше Милчо Јованоски

18051610 10206897703279537 1468014282 n

На прашањето дали се доживува како ѕвезда – одмавна со рака и рече дека во Македонија не може да се биде ѕвезда, особено не сега кога фолкот е на маргините.

Над 300 песни има на својот репертоар и снима активно . Сепак,  фестивалите како што ни рече, веќе ги остава за помладите.

-Ги зедов сите награди по фестивалите што требаше да се земат, време да им отстапиме простор на помладите, јас на фестивал би можел да сум во жири или пак да имам мини концерт додека се чекаат наградите, вели Наум.  

Тој по Манчески, Сариески и Бадев и нај златното македонско грло. Од 1990 и неговата и на Љупчо Трајковски – Фис „Има ли песна“кариерата му фаќа нагорна линија. „ Има ли песна “ за него е песна над песните.

maxresdefault copy

-И покрај музичката фолк криза Наум кажува дека во Македонија има млади фолк сили кои чекаат шанса, иако таа трае предолго и вината некои се обидуваат да не биде лоцирана и покажана со прст.

Снимаме а песните нема каде да се вртат. Во тоа море од тонови околу Македонија нашата фолк музика стагнира, признава Наум, Според него нема здрава музичка критика,а ретки се и новинарите кои си ја знаат својата работа а најстрашно е што медиумите кои емитуваат фолк музика можеби можат да се избројат на прсти.

Речиси секоја песна му е хит, Дури десеттина од неговите кои се највисоко на неговата ранг листа, се веќе во категоријата незаборавни фолк рефрени.

Наум ни кажа дека научил да биде посмирен  да го чека одговорот и образложението и не само да изброи до дест, туку до дваест, како што вели во народот.   

naum 1

Ни рече дека нема да заборави никого и никогаш – Не заборавам добрина никому, а лошото брзо ми поминува не го ни памтам.

Не случајно е речено, животот ги пишува романите. Најголем дел околу седумдесет проценти од моите песни се инспирирани од мојот живот.

Тука зборувавме за најголемите радости и таги како и за неговиот приватен живот. Наум има четири деца. Две веќе возрасни ќерки од првиот брак и ќерка и син од вториот брак со неговата колешка Зуица  Лазова. На наше прашање си ја отвори душата за да каже како било и што било и како е сега.

2878BC9DFB12F740B84F8D8FAF7F6B25

-Наум е боем во душата и само ни потврди – апсолутно и цел живот ќе бидам. Сепак признава дека во кафеаните ( библиотеките) годините си го направиле своето поретко чита и навраќа, освем ако не таму како музичар.

На разделба си ветивме да се видиме и разговараме пред 35 годишнината од неговата кариера иако со насмевка на лицето ни рече дека е некако скептик во ова како што го нарече , чудно време за живеење и си посака да го има генот на бабите и дедовците кои живееле по  деведесет години.  

naum petreski zelba posldna

 

Спроти утрешниот концерт на Петрески во Метополис Арена продуцентската куќа која сега се грижи за неговата кариера Авард објави и негова биографија во која пишува:  

                Наум Петрески е роден  на 7.12.1966 год. во Охрид. Со музика се занимава од самото детство. Првиот јавен настап го имал на седумгодишна возраст,  како претставник од Македонија на деветтата меѓународна смотра на фолклорни друштва во Загреб, во салата “Ватрослав Лисински” и на Радио Загреб. Настапувал во многу културно уметнички друштва, меѓу кои и во “Распеани стружани”.

                Од 1990 год. почнува професионално да се занимава со музика и до ден денес остварил многу успеси на музичко поле, а притоа секогаш останал доследен на корените на македонската фолклорна музика. Настапувал на бројни фестивали, а самиот почеток бил во 1990 год. на фестивалот “Фолк хит на годината” во организација на Македонската радио и телевизија, каде ја испеал песната “Наум бекрија”. Во 1991 год. со забележителен настап како млад и перспективен вокал со песната “Има ли песна” го постигнува најголем успех во историјата на валандовските фестивали, освојувајќи четири награди: прво место од публика, најдобар дебитант, второ место од жири и награда за интерпретација. Истата песна била избрана за Фолк хит на годината, а Наум ја добил наградата за вокал на годината. Од тогаш до сега се ределе бројни настапи, успеси во Македонија и низ дијаспората. За тие настапи му биле доделени голем број признанија, благодарници и плакети.

330999 kaj naum i zuica niz doma sekogash e veselo

                Испеал многу дуети меѓу кои и со фолк дивите на македонската музичка сцена “Љубов голема” со Виолета Томовска, “За Македонија” со Есма Реџепова Теодосиевска, “Пеј Бистро, пеј” со Сузана Спасовска, потоа дуетот со Росана Тодоровска Сариќ “Сенките под маслините”, “Тиквешка елегија” со Зуица Лазова, а “Љубовта не отепа” ја испеа со неговата ќерка Анастасија Петреска и многу други. Некои од песните се обнародиле како што се “Има ли песна”, “Жал за Деспина”, “Лична Јовано““Љубов голема”, “Лазарополе”.

                Издал  две касети, првата под наслов “Има ли песна” и втората “Жал за Деспина” и две цедиња “Песно моја” и “Пат за Македонија”. Едно од најголемите дела во кое учествувал е проектот Македонска чалгија во која  учествувал дури со 45 песни од вкупно 120, распределени во албум од 6 цедеа.

DSC 0016

                Својата држава ја претставувал  во многу земји ширум светот, меѓу кои на отворање на Македонски културен центар во Истанбул- Турција, во Софија- Бугарија, претставување на македонската култура во Опера Хаус во Сиднеј- Австралија и многу други . Остварувал соработки со гордоста на македонското оро “Танец”, со КУД “Кочо Рацин”, со КУД “Орце Николов”, со КУД “Билјана”- Скопје, со КУД “Панчо Пешев”-Куманово. Учествувал на голем број хуманитарни концерти, а се јавувал и како организатор на истите, една од нив е Помош на децата парафлегматичари од Прилеп и околината.

                Се закитувал со голем број награди, Гран-при со песните “Русе, ле, моме убаво”, “Има ли песна”, дуетот со Росана Тодоровска Сариќ “Сенките под маслините”.

                Зад него се паметат три солистички концерти, првиот што го одржал во 1992 год. а вториот во 2001 год на кои на  учествувале врвни имиња од Македонија и Србија. Третиот по повод сребрениот јубилеј, од 25 години, во 2011. Колку го ценат и почитуваат колегите на српската изворна фолклорна музика Предраг Гојковиќ- Цуне, Милан Бабиќ кажува фактот дека биле гости на неговиот концер во 2001 год. насловен под името “Фис и Наум 10 години со љубов за вас”.      

Naum Zuica 8 Custom          

                Во 2009 год. во дует со Калиопи настапи на домашниот избор за песна на Евровизија со песната “Рум, дум, дум“, пласирајќи се на првото место од жири, а второ место од публика.

Во 2010 год. под закрила на Авард Промотион го објави ЦД-то насловено “Оди Ѕвездо”  со хитовски песни од реномирани автори, кое беше  промовирано на неговиот 25 годишен Јубилеен концерт, одржан во  Универзална сала.

Во 2012 год. во заедничка соработка со групата „Синтезис„ мајсторски успеваат да направат ЦД со уметничка изведба во етно стил на  стари изворни песни, промовирани на концерт во Универзална сала .

                До ден денес се проследени многу негови настапи и учества по фестивалите и медиумите.  Најновиот албум „Грло ненапеано„ е албум кој прави мерак на душата. 15 нови современи македонски новосоздадени народни мелодии (14 нови и една преработена хрватска тамбурашка песна), го прават овој албум неодолив и неповторлив. Тој ќе биде промовиран концертно, во сабота на 22 април 2017 во Метрополис арена, на концертот по повод 30 гоини златни години на златното грло на Македонската песна- господинот Наум Петрески!

Публицитет.мк 

Посетеност: 98
Share
Previous Post

Дениција во Брисел – Љубовен молотов коктел од Македонија

Next Post

Охридската шопска салата влезе во Гинис

Next Post

Охридската шопска салата влезе во Гинис

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 98

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk