Во последното издание на аудио форматот МОЈОТ ЖИВОТ, МОЈОТ СВЕТ за оваа веќе стара и истрошена 2015 година гостуваат неколкумина членови на Градскиот хор при Центарот за култура „Григор Прличев“ од Охрид.
Емисијата е снимена ден пред новогодишниот концерт на хорот на генералната проба. Ќе слушнете неколку хорски композиции во нивна изведба, како и кусите животни стории од аголот на музиката и вљубeноста на нашите соговорници во хорската изведба.
За себе и за хорот ќе зборуваат уметничкиот раководител и дирегент Бурим Хидри и членовите на хорот: Славе Паскали, Славица Малеска, Дивна Стрезоска, Елизабета Настеска, Валентина Кузманоска и Дејан Спасиќ.
Петок по 23 часот МОЈОТ ЖИВОТ, МОЈОТ СВЕТ посветена на предновогодишниот амбиент и Градскиот хор од Охрид.
Публицитет.мк