Во претпоследното издание на аудио серијалот „Мојот живот, мојот свет“ за оваа 2017 година наш и ваш гостин ни е познатиот интерпретатор на македонски народни новосоздадени песни Петар Нечовски.
Петар е роден во Ресен но таму живеел само кусо и по промената на работното место на татко му целото семејство се преселува во Охрид. Првата локација на која што живееле а Петар се сеќава со носталгија е улица „Даме Груев“ некаде во близина на пресекот на оваа улица со сегашниот булевар „Туристичка“. Тој ги помии соседите, игрите во ливадите, но и неколкуте боеми од кои веројатно ја презел страста кон музиката и дружбата во кафеаните.
Петар со родителите и сестра му
Со клик на објавата подолу во целосот слушнете го интервјуто со Петар Нечовски. Автор и водител: Милчо Јованоски
Петар ни објасна зошто во неговиот живот е посебно важна средбата со некогашниот музички педагог и директор на ОМУ „Методи Патче“ Наум Гаврилоски каде што учел да свири на труба ама пеењето, очигледно посебно го влечело.
Со Наум Гаврилоски, кој му беше првиот поволен ветер во грбот
Како млад повеќе ја сакал забавната – тогашна југословенска шлагерска и рок музика, отколку народната. Се сети на првата своја група „Flowers“ настапите по игранките ама и на веќе етаблираните во тоа времиња охридски групи „Канео“ со Љупчо Шурбаноски и „Аполони“ со Симон Костовски.
Од времето на групата „Flowers“
За вистинското зачекорување на сцената на музиката Нечовски го признава појавувањето во Радио Скопје и средбите со охриѓанецот – композиторот Љупчо Константинов, успешното препејување на „Ти така ми доаѓаш“ композиција која претходно ја пееше тогаш популарниот Драган Мијалковски.
ним подоцна ќе им се вкрстат патиштата во квартетот со Маријана и Росана,а и на раните Валандовски фестивали кога Драган и уште дузина „забавњаци“ преминаа во народната музика и го создадоа златниот период на македонската новосоздадена народна музика.
Петар во младоста за која вели му бил најбезгрижниот период од животот
Претходно реализирал неколку снимки – шлагери за Радио Скопје во студијата во Нерези.Зборувавме испреплетено за учествата на фестивали, за настапите со охридските локални тајфи и времето на хотелот „Десарет“ и што значи за него дружбата со еден како што вели голем поклоник на музиката и негов поддржувач – покојниот Драган Михајлоски – директор некогаш на УТРО „Охрид“ .
Со проф. Димче Ораче и со сите колеги од гр. „Охрид“
Во нивните хотели Петар бил ѕвезда и ги уживал сите привилегии уште кон средината на кариерата и дружбата со групата „Охрид“ и најмногу со професорот по музика Димче Ораче и останатите членови. Со нив зад себе има две аудио касети снимени за „Југодиск“ во Белград.
Пеце ни раскажа една убава анегдота од средбите со Здравко Чолиќ и ни ја откри причината зошто не успеал да почне кариера сред тогашен Белград во раните осумдесетти од минатиот век.
Со Кочо Петрески во х. „Десарет“
Зборувавме и за неговата генерација пејачи Марина Пухариќ и Маргица Антевска со кои тој настапи 1981 на Изборот за југословенска песна на Евровизија.Таа година победи Вајта со „Лејла“.
Зошто во неговиот живот е важна и туристичката агенција „Путник“ и луѓето кои работеле тоа време во оваа моќна агенција кои му помогнале на неколку месеци да отиде во Австралија да заработи пари и како што ни раскажа да си го плати првото учество на „Валандово“ во 1988 год.
По турнеите низ светот
Оттука трча со крупни чекори по патот на славата, настапите дома и во странство, победите на фестивалите, турнеите по светот.
Петар отворено зборува за подемите и разочарувањата, за упорноста, како што вели да станеш, трчаш и да го следиш времето и да продолжиш.
Петар животот го сфаќа како атлетска патека и цели да трча на долги патеки и одново и одново да се докажува.
Отворено и искрено, се чини како никогаш досега и на едно место , во некое интервју зборува за себе за семејството, пријателствата, најголемите радости и таги и за секојдневната борба да се биде успешен.
Освем со негови песни интервјуто е испреплетено и со музика која некогаш и сега љубел и љуби да ја слуша.
Публицитет.мк