Ристе Ристески од Охрид минатата сезона победи во „Ѕвездите на Гранд“. Тој е последниот наш гостин за оваа веќе стара 2017 година во аудио серијалот на Публицитет.мк „Мојот живот, мојот свет“.
Успеавме да го најдеме и еден неполн час да дружиме и разговараме со него во АКВАРИУС.
Со клик на врската подлу, слушнете го интервјуто со Ристе Ристески во целост. Разговорот го води: Милчо Јованоски.
Нормално зборувавме за напорниот пат до успехот и што сега? За тоа дали нешто се смени во неговиот живот по победата.
За искреноста на колегите од естрадата и обичните нешта што го прават животот на едно момче од 24 години. Некогашното дете од охридската улица „Абас Емин “ тврди дека е оној истиот од времето кога сонувал дека еден ден ќе стане славен.Ни зборуваше за семејната хармонија со сестрите Марија и Анастасија и ни кажа дека тие и неговите родители двојно повеќе се радувале на неговиот успех.
Го прашавме како се снаоѓаше во Белград и имаше ли дружба со големите ѕвезди на снимањата и во паузите. И дали тие ѕвездите се толку обични или не.
Ристе неодамна ја промовираше својата прва песна насловена „Добро утро тајно“, која на големо се промовира во регионот. Планира песните одсвен за поширокиот бивши ју- пазар да ги отпее и на македонски од почит кон родната земја и овдешните слушатели и обожователи.
За тоа секако е задолжена „Гранд“ продукција, а пак Ристе постојано е на релација Охрид-Скопје- Белград.
Во недела на полноќ кога ќе се склопат стрелките на часовникот и ќе почне Новата 2018 Ристе ќе биде во Охрид ќе пее близу плоштадот во Рибниот ресторан „Лихнидос“.
Од неговата досегашна продукција одбравме нешто забавно ама и народно за да осетите за каков убав глас станува збор.
Ново интервју од серијалот МОЈОТ ЖИВОТ,МОЈОТ СВЕТ“ Публицитет.мк ќе објави на 20 јануари 2018 година.
Среќни празници од авторот и водителот на серијалот : Милчо Јованоски!
Публицитет.мк