Македонското културно уметничко друштво „Илиднен“ од Сиднеј – Австралија годинава слави 5 децении од постоењето. Македонската редакција на австралиското државно радио СБС прави серија разговори со играорци и негови раководители во годините кои останаа зад него.
Публицитет.мк во соработка со македонската редакција на SBS ова издание на аудио емисијата МОЈОТ ЖИВОТ, МОЈОТ СВЕТ го посветува на сите ентузијасти кои во изминативе пет децении ја пренесоа славата на македонската песна и игра низ Австралија.
Овој пат уредник и водител на „Мојот живот, мојот свет“ е Радица Бојковска – Димитровска – уредничка на македонската редакција на СБС.
Слушнете го во целост разговорите со тројца од редицата активисти кои деновиве поминаа пред микрофонот на СБС на македонски
МКУД Илинден од Сиднеј , Австралија од своето основање во 1966 година ја освои публиката со своите настапи исполнети со убавина и комплексност.Модерната кореографска интерпретација се надоврзува во изразувањето на богатата македонска култура и традиција.
Пеко Наумоски и Радица Бојковска – студио Сиднеј
Пеко Наумоски, Претседател на МКУД “Илинден” вели големата прослава во State Theatre на 26ти ноември во Сиднеј е можност да се даде поддршка на младите генерации кои ја продолжуваат македонската култура и традиција во Австралија
Славица Јосифовска и Радица Бојковска
Првата жена – претседател во историјата на МКУД Илинден ни раскажува дека со семејството живеела во населбата Њутаун во Сиднеј , каде нејзините деца се дружеле со Австралијани а со Македонци немале многу контакти.По предлог на роднина, чии деца играле во друштвото, кое во тоа време немало доволно момчиња, г-ѓа Јосифовска започнала да ги носи нејзините два сина Благојче и Александар на проби.
Чекорите,музиката, ритамот, дружењето….. како да им беа вродени – вели таа и дополнува дека и сега и се плаче кога ќе се присети на зборовите на Благојче, кусо време по зачленувањето во друштвото :”Сега се чувствувам како дома”.Многу е важно да знаеме од каде ни е потеклото – вели првата жена-претседател во историјата на реномираното и најголемото културно-уметничко друштво, надвор од границите на Република Македонијa.
Таниа Лангова во студиото на СБС на македонски во Сиднеј
Таниа Лангова, одговорна за рекламната кампања настанот по повод 50-тиот јубилеј на нaјголемото фолклорно друштво , надвор од границите на Република Македонија, вели дека соработуваат со високи професионалци за изработка на материјалот за маркетинг, што е неопходно ако се организира настан во престижна установа како што е State Theatre во центарот на Сиднеј.
Фотографии: SBS и Фејсбук страница на МКУД „Илиднен“ – Сиднеј
SBS на македонски и Публицитет.мк