• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
недела, август 16, 2026
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Мојот живот, мојот свет

Мојот живот, мојот свет: Софија Ристевска – Петрушева

јуни 2, 2018
in Мојот живот, мојот свет
Мојот живот, мојот свет: Софија Ристевска – Петрушева

Софија Ристевска – Петрушева е режисерка од Битола која од почетокот на новиот милениум досега режира во и надвор од Македонија. 

Деновиве таа е актуелна со новата режија и премиера во Народниот театар во Охрид на познатиот текст „Стаклена менажерија“ од американскиот писател Тенеси Вилјамс.

Со клик на линкот подолу слушнете го интервјуто во целост. Со Софија Ристевска – Петрушева разговараше Милчо Јованоски

Уште преку контактот по телефон Софија ќе ве освои со својата едноставност, непосредност и добивате чувство дека со неа се знаете со години. Но, кога ќе почне разговорот  ќе сфатите дека станува збро за една режисерка со личен богат бегрануд , стил на режирање и поглед на свет и искуство собирано од семејството па до местата на кои стапнала.

16508690 10154899630570502 3122432000109395055 n

Софија со најблиските соработнички и пријателки 

Со Софија во култниот „Аквариус“ зборувавме за неа лично, за детството, животот, како се определи за театарот, за семејното опкружување и за тоа како е да се расте меѓу тројца психијатри дома,а таа да одбере уметничка професија. Колку и на кој начин и помага психијатријата во работата за актерите, ( како мајка и’ и сестра и’ ја ваделе од нејзините депресии)   за студиите во Софија, магистратурата во Белград и воопшто за состојбата и судбината на балканскиот театар од кој нераскинлив дел се и македонските штици што значат живот.

10 18062015085641

Софија со сопругот Спасе

Ристевска – Петрушева ни кажа како се чувствуваат таа и нејзиниот сопруг ( реквизтер ) значи театарски брак и нивната осуммесечна ќерка Трена во Охрид и дека искрено жалат што по премиерата ќе треба да се вратат во Битола.

vladimir 11

Фотка од нејзиниот засега единствен обид да глуми и тоа во својот „Интимен театар“ во Битола

Стана збор и за нејзиниот „Интимен театар“ во Битола, за професионалниот ангажман во Велешкиот театар и за ред други работи кои ја врзуваат со театарската илузија. Како на пример работата на претстава од интересен документарен театар со жени од Битола кои сакаат јавно да проговорат на сцена за своите маки и страдања, ама и победи над ракот на дојка. Проект кој Софија сака да го финализира за кусо време.

29136450 2104374443108181 8890204547461414912 n

Не изостанаа и прашањата за омилените песни, дали љуби кафеани, за радоста и тагата и за тоа што сака да и’ се случи во следните пет ?,  па по толку години да ни раскаже во некое друго интервју.

27750217 10215576022453530 2336432019068491300 n

Како шлаг на тортата лесно ја убедивме да не’ потсети на парче од нејзината искрена приказана на последниот Пич – Прич во Битола и нејзиниот семеен живот, како и на соработката со охридските актери и со сите останати со кои битисува на сцената.   

 Фото: Фејсбук 

Публицитет.мк  

Посетеност: 172
Share
Previous Post

Летен креативен детски камп во Охрид

Next Post

Маја Наумоска од ОУ „Христо Узунов“ прва на меѓународен натпревар по физика во Софија

Next Post
Маја Наумоска од ОУ „Христо Узунов“ прва на меѓународен натпревар по физика во Софија

Маја Наумоска од ОУ „Христо Узунов“ прва на меѓународен натпревар по физика во Софија

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 172

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk