• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
сабота, август 23, 2025
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Мојот живот, мојот свет

„Мојот живот, мојот свет“: Стефан Каневче

април 21, 2018
in Мојот живот, мојот свет
„Мојот живот, мојот свет“: Стефан Каневче

 Наш гостин – домаќин во новото издание на аудио серијалот „Мојот живот, мојот свет“ е Стефан  Каневче, професор по класична филологија – латински јазик во охридската гимназија „Св. Климент Охридски“ во Охрид.

Директен повод за да влезе во нашиот избор на личности во серијалот е претстојниот хуманитарен  концерт ФИЛМОВИЗИЈА 2 закажан за вторник 24 април во 20 часот во охридскиот Центар за култура„Григор Прличев“.

30776446 10156208840164687 448848424 n

Каневче е идејниот творец на овие настани осум години наназад во гимназијата во која е веќе 13 година.

Со Стефан Каневче разговараше Милчо Јованоски:

Под мотото: „Ние не сме професионалци, ние сме Гимназијалци“ после долго време чекање ФИЛМОВИЗИЈАТА СЕ ВРАЌА!!! 
Вратите на шоуто на годината ќе бидат отворени и  уште на влезот ќе ја осетите моќта на 80 амбициозни гимназијалци. 

30429451 10156208837164687 601011917 n
Исто место, иста екипа, нови изведби. Продолжение на трилерот кој ве стави во неизвесност и кој повторно ќе ви ја наполни енергијата со духот на филмот.
Преку овој хуманитарен настан им овозможуваме матурска екскурзија на другарите кои не можат да си ги дозволат тие неповратни животни спомени.

ВЛЕЗ: 100 денари

30707788 2065044103512900 2256967776033832960 n

Влезниците можете да ги набавите во гимназијата за време на настава, или на влез на настанот…
( што не ви гарантираме дека ќе има останато, велат досетливите и амбициозни гимназијалци и нивниот ментор – професорот Камевче.

31172130 2098252306881682 3961229898806198272 n

А со Стефан интервјуто го снимавме во една од училниците на популарната охридска гимназија почнувајќи логично со спомените од детството распослани околу црквата „Св Софија“ за учењето во ОУ „Св Климент Охридски“ за дружбата со другарите и секако за семејните корени.

Стефан ни призна не сум професор по музика ама ја сакам музиката и спонтано започнавме и сметам дека одзивот е одличен кај младите деца кои се уште основци и едвај чекаат да станат дел од гимназијата и овие перформанси. Драго ми е што многу од децата од претходните генерации успеваат во животот и добиената самодоверба уште од средно.

30743967 1907305966008674 8077242791098318848 n

Во интервјуто најискрено го раскажа моментот како наместо на англиски јазик запишал класична филологија на Филозофски во Скопје. Па потоа дека и по дипломирањето не размислувал да биде професор, иако не бил воопшто свесен дека го бива за ова ,а сметал дека ќе се занимава со научно – истражувачка работа.

30180676 1905526236137519 882286869 n

 

Но, кога влегов за прв пат во гимназијата , се осетил како победник и тргнал во предизвикот со мисла ЌЕ ПОБЕДИМЕ … во стилот на фудбалот.

30859519 10156208837949687 921322111 n

Стефан има две поговорки кои му се животно мото. Првата: „ Се’ свое со себе носам“ и втората „Додека дишам се надевам“.

Разговаравме и на темата што како ученик не сакал кај професорите и како сега тој се однесува кон учениците и како да не се помине линијата и да се знае кој е професор, а кој ученик во клупите?

30429289 10156208846504687 130022019 n

И додека момците и девојките се подготвуваа за пробата под негово будно око и тие имаа што да кажат за својот професор и ментор.

По избор на професорот Каневче во интервјуто ги слушавме:  У 2, „Љубовната тема“ од филмот ФЛЕШДЕНС , Бајага, па ансамблот „Билјана“  , „Круг “ од ЕКВ .

Публицитет.мк

Посетеност: 84
Share
Previous Post

На 27 мај во Охрид ќе се чествува јубилејот 1000 години од формирањето на Охридската Архиепископија

Next Post

Филмски премиери во април (3)

Next Post
Филмски премиери во април (3)

Филмски премиери во април (3)

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 84

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk