Таа е сопруга, мајка, колешка, другарка и пријателка со еден збор современа жена.
Со клик на линкот слушнете го аудио интервјуто со Татјана Узуноска – Тренеска, разговараше: Милчо Јованоски
Фолклорот и е во крвта,сака да фотографира, да компонира и да вози велосипед.
Тања на 4 и 5 години
Со неа зборувавме за нејзиното секојдневие, пријателствата стекнати преку фолклорот, за работните обврски како специјалист , медицински лаборатортиски аналтичар и патот до оваа професија.
Драган сопругот на Тања – тој највисоко
За семејството во кое на пиедесталот се ќерката Мила и синот Дарио, кои цврсто чекорат по нејзините и по стапките на сопругот Драган кој како млад играл во ривалското КУД „Бисери“. Преку фолклорот и обајцата се запознале и над две децении се заедно.
Со децата Мила и Дарио
– Всушност музиката ми е во генот, ни рече по мајчина линија сум од Горна Белица, сите од таа страна знаат да свират и пеат, па и мајка ми која некогаш во Скопје во дует пеела придружувана од познатиот Кочо Петровски. Влашкиот јазик го разбирам ама не го говорам, ни рече Тања. Татко ми е роден во Струга – Узуновци се старо градско семејство, додава.
Првите сеќавања за раното детство и’ се врзани со полната куќа луѓе и постојаните детски игри во кои како што ни рече секогаша сакала да биде главна и над другите. Како раководител и главен организатор во Ѓердан улогата и е слична, но вели дека ги респектира сите и нејзиниот прв соработник и ментор Методија бараковски – Менде, ако и сите деца од најмали до највозрасни.
Таа се присети на животот во родната Струга и нејзиното често навраќање таму само за да го слушне роморењето на реката Црн Дрим. Тања проговори и за деновите од безгрижното детство, учеството во мандолинскиот оркестар и самоукото свирење на клавир.
Во Полска со девојките од првата група на „Ѓердан“
Скокањето од мостот на поезијата и речиси ноќното капење со другарките, возбудите да се биде присутен додека играат ракометарите на познатиот турнир во Струга и цели лета минати на струшкото Пливалиште.
Со колешките од Дарон Мед
Дружба во Србија со колегите фолклористи
Интервјуто донесува и музика во избор на нашата гостинка – домаќинка, бидејќи разговаравме како што ни рече во нејзиниот втор дом – просториите на КУД „Ѓердан“ чиј член е од далечната 1983 година.
Од секој нејзин одговор провејува чувството дека без фолклорот не може. Ни зборуваше за соработките со КУД од Беочин и Бечеј, за низата работилници и курсеви низ кои минала за турнеите со децата, ама и со ветераните и за идните очекувања од животот, приватно и професионално.
Фотографии дело на Тања
За пријателствата стекнати низ годините и за најновата турнеја со децата до 14 години со кои наскоро – во април ќе бидат претставници на Охрид во Турција.
Публицитет.мк