Новата година и новиот серијал за оваа 2016 го отвораме со нашето гостување во домот и творечката лабораторија на Трајан Ристески , тапанар, сликар и писател од Охрид.
Зборуваме за неговото детство, допирот со музиката и останатите уметности.
Трајан на 4 години на пристаништето во Охрид
Зборувавме за минатото од оваа дистанца и за сегашноста која само еден ден потоа е веќе минато.
Ја откриваме вистината за неговата љубов кон музиката , пишувањето и сликањето.
Ристески растел и се’ уште живее на истата локација непосредно до Крст Џамија, до ОУ „Братство – Единство.
Во средношколскиот интернат во Скопје
– Едно време имав шанса да заминам во странство за далеку полагоден живот, но одлучив и останав, не се каам вели, Трајан. Признава дека е тотално уметничка душа и дека од скромност не сакал многу да се истакнува. Првата изложба ја имаше лани на седми ноември и тоа донаторска за децата од Днвениот центар „Зраци“. Просторот во кој тој пред добри педесеттина години научил да црта, пишува и да се изразува.
Со војничкиот оркестар во Јастребарско кај Загреб
Сепак суровоста на животот му предоредила друг пат.
-По основното се запишав во Скопје за автомеханичар, и таму успеав. Се надевам дека го оправдав своето постоење и бев и сум успешен на многу полиња.
Со Влатко Плевнеш во Охрид
Воениот рок му го предоредува патот во музиката. Членувањето во воениот оркерстар како тапанар и пејач му го отвора новиот свет.
Додека е во Јастребарско кај Загреб настапува со бројни познати тогашни југословенски ѕвезди како Чоби од „Про Арте“ а ни ја раскажува и приказната како настанала „Једне ноќи у децембру“ од познатиот Монтено.
Со Петранка, 1987 во хотел Силекс
Како ја пронашол запишана на едно стражарско место. Зборува за љубовта со неговата Марина и двајцата синови од кој помалиот ја има таа уметничка жичка и Трајан вели дека нему ќе му го отстапи ателјето.
Со сопругата и помалиот син
-Поголемиот син е оженет има свое семејство заврши основно музичко клавир ама не свири. Нема потреба и сите деца од музичарите да се музичари, како сите деца на лекари да се лекари, додава Трајан.
Музиката ми даде многу ама и ми зеде, признава Ристески ние не сме како сиот обичен свет. Ретко за празници сме дома , викендите свириме и пееме по кафеани. Едно време жена ми доаѓаше често на нашите свирки, но се откажа со зборовите, се уморив да те чекам да завршите со свирките. Ти пееш а јас чекам.
Трајан вели дека нема хотел во кој нема настапено на нашата ривиера со сите естрадни македонски ѕвезди,Петранка, Блага, ама и со некогашните југословенски: Тозовац, Милан Бабиќ , Снежана Савиќ, Весна Змијанац , Тома Здравковиќ . – Настапував и со чичко Ацо Сариески, Васка Илиева низ Македонија …,додава Ристески.
Во „Мојот живот, мојот свет“ ќе слушнеме неколку негови песни, за идејата да напише стихозбирка за деца, како и за ЦД – со македонски забавни шлагери, зашто , како што вели Трајан сега со неговиот матичен ансамбл „Цар Самоил “ пее народно ,ама во душата е забавњак.
Со клик на линкот подолу, слушнете го интервјуто во целост :
Публицитет.мк – Милчо Јованоски