• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
сабота, август 23, 2025
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Мојот живот, мојот свет

„Мојот живот, мојот свет“ – Трајче Талевски

ноември 6, 2015
in Мојот живот, мојот свет

Овој пат трагаме по приказните од животот на Трајче Талевски доктор на биолошки науки од Хидробиолошкиот институт во Охрид.

Отворено за неговиот ангажман во областа на екологијата, дали се чувствува како Дон Кихот со ветерниците? Има ли надеж за спас на нашето Езеро? За потребата Охрид да има Музеј на Езерото за одблиску луѓето да се запознаат со ендемичното богатство на растителниот и животински свет во него. 

 

Kolekcioniranje na sadnici od žolt lokvan za negova revitalizacija na Mazija

Колекционирање на садници од жолт локвањ за негова ревитализација на Мазија 

Д-р Талевски смета дека Охрид ќе застане на страната на езерото, а не на страната на моменталната политика и дека бројот на луѓето кои ќе го бранат овој природен воден басен ќе се зголемува, како што сега е тоа случајот со SOS групата.

Во аудио форматот следуваат звучни слики за детството минато во селото Бараково, особено за летниот распуст покрај реката Црна,  која како што вели д-р Талевски му била како судбина да се занимава со биологијата која вели дека е динамична професија, за разлика од нас обичните кои мислиме дека тоа една сосема спокојна наука и дека занимавањето со неа е лесно.

Prespa juni2010

Преспа – јуни 2010 г.

Ни раскажа за баба си која одеднаш хранела триесетина деца, за фурните топол леб, маста и шеќерот на леб . – Тоа се вкусови кои и денес ми се појавуваат често,ама никако пак да ги најдам,вели Талевски.

Трајче ги открива моментите од честото селење како син на воено лице. Прво  во Косовска Митровица во која живеел неколку години а сега има желба да ја посети, потоа во Битола менувајќи две локации во најградскиот град, како што љубат да го наречат староседелците. Со посебна жар ни зборуваше за средношколските денови , битолското корзо, киното, неизбежните тепачки , не негови ама на битолските мангупи, како во Битола никој не е без прекар, ривалитетот меѓу двете Гимназии, селската и градската.

Sibiu Romanija 2011 Со сопругата и колешка Марина во Сибиу, Романија 

Ни раскажа за студиите на Природно- математичкиот факултет во Скопје, за неколкутемина охридски професори кои му предавале, за студентската љубов со неговата сопруга Марина Талевска, моминско Хаџиева и за како што ни рече трите години викенд брак. Тој во Битола, вработен во фабриката за квасец, а Марина во Хидробиолошкиот завод, за раѓањето на првата ќерка и одлуката да патува од Охрид до Битола секој ден и конечното прибирање на купче, со семејството во Охрид. Овој период од животот, Талевски го нарекува период на истоштување.

Skopje Januari 2007 vtor del   Skopje januari 2007

Семејно во Скопје, Трајче, Марина и двете ќерки 

Д-р Талевски и магистратурата и докторатот и го посветил на еден вид риба – во Охридското Езеро – моранецот. Зад него се над 170 научни трудови и околу 70 учества на конгреси, симпозиуми, работилници и студиски престои речиси низ цела Европа.

 

 Vo poseta na karstnite ezera vo Albanija          Durmitor Crna Gora 2011 copy

Во Албанија и Црна Гора на Дурмитор

Смета дека допрва доаѓаат златните времиња за биологијата, особено за институцијата во која работи со оглед на тоа што пред нив е Езерото како жив трезор на флора и фауна.

Го прашавме како е со сопругата да се биде и дома и на работно место во иста институција, а тој ни се пофали дека тие всушност се и семејство биолози со традиција од околу 50 години. Покрај него и сопругата и двете ќерки тргнале по нивните стапки,а и зетот за повозрасната ќерка е биолог.

 

Boka Kotorska 2013   Kongres na Vlasinsko ezero 2013

Бока Которска и на Власинско Езеро 

-Често се замислувам дека сме како познатото семејство на биологот Станко Караман, кое е познато во поранешна Југославија и на Балканот дека со генерации биле и се познати и врвни биолози, вели Трајче, признавајќи дека од науката нема време за хоби.

 

OХРИД ЗИМА 2007   Zaednička slika so kolegite od Albanija na ALBLAKES

д-р Трајче во Охрид и со колеги од Албанија 

Не изостанаа и прашањата за миговите на најголема тага и среќа, како и за иднината која д-р Талевски ја гледа во својот Охрид со семејството и пак предност му дава на езерото.

Во музичкиот избор ги има легендарните Битлси, Ајри Демироски, авторот на „Битола мој роден крај“, „Ја излези Ѓурѓо“и „Билјана платно белеше“ како и „Болеро “од Равел… Слушнете !

Автор и водител Милчо Јованоски  

Посетеност: 130
Share
Previous Post

Охридските градинки со приредба го одбележаа патронатот

Next Post

Здружение на „Титоисти“ – Охрид: Честит ден на ослободување на нашиот Охрид!

Next Post

Здружение на „Титоисти“ - Охрид: Честит ден на ослободување на нашиот Охрид!

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 130

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk